Работна посета од страна на претседателката на Одборот за акредитација на високото образование  

26.03.2023

Работна посета од страна на претседателката на Одборот за акредитација на високото образование Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова.

Квалитетно висoко образование е еден од приоритетите на Академијата и Министерство за одбрана / Defence MKD. Во периодот што следи заеднички ќе преземе мерки за подобрување на високообразовната дејност на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје.

На работната средба една од темите на кои што разговараа деканот на Воената академија и претседателката на Одборот з акредитација на високото образование е унапредување на студиските програми за прв втор и трет циклус на студии, со посебен акцент за акредитација на студиска програма за школување на офицери со завршена специјализација за команди и штабни должности.

На средбата беа разменети мислења и ставови за сите актуелни прашања поврзани со високообразовната и научноистражувачката дејност.