На ден 13-ти февруари 2023 година во хотел Панаромика во Скопје се реализираше завршна конференција за реализиран проект на тема „Истражување за социоекономскиот контекст за радикализација и насилен екстремизам во целните општини“. Коференцијата беше организирана од страна на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта/Ла Страда Македонија, како носител на проектот, а истражувачки тим го сочинуваадокажани експери од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Институтот за безбедност, одбрана и мир. Истражувачкиот тим беше предводен од главниот координатор д-р Ненад Танески, а го сочинуваа: д-р Методија Дојчиновски, д-р Андреј Илиев, д-р Рина Киркова и д-р Александар Грижев.
Со свој придонес во реализација на проектот беа вклучени и повеќе испитаници и институции како: Министерството за внатрешни работи, Исламската Верска Заедница, Руфаискототеќе – Скопје, Сојуз-националниот совет за родова рамноправност, Сумнал-асоцијацијата за развој на ромската заедница во Македонија, Младинскиотцентар – Крик, Правословениот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“-Скопје,Агенцијата за приватно обезбедување, Секјурити Груп Сервисис – Скопје, Црвениот крст на Град Скопје и Хуманитарната непрофитна граѓанска организација ЛЕГИС – Скопје.
Истражувањето е дел од проектот „Градење отпорни и инклузивни заедници“ што е насочен кон градење локални отпорни заедници против насилниот екстремизам и радикализација, преку градење капацитети и поддршка на заедниците и на ранливите групи во процесот на превенција и справување со насилниот екстремизам, како и преку процес на рехабилитација и реинтеграција.
Истражувањето на социоекономскиот контекст на радикализацијата и насилниот екстремизам (РНЕ) имаше за цел да го истражи социоекономскиот аспект на РНЕ во локалнитезаедници, односно општините. Една од главните задачи на проектот е идентификување на политичките и на културните двигатели на радикализмот, што заедно со социјалните и со економските двигатели влијаат на отпорноста на локалните заедници кон радикализмот и насилниотекстремизам. Истражувачкиот тим потенцираше дека истражувањето придонело за разбирање на можностите, предизвиците и динамиката на моќта поврзани со превенцијата на насилен екстремизам и спротивставување на насилниот екстремизам.
Извештајот за спроведеното истражувањеобезбедува подобро разбирање на состојбата во земјава, локалниот контекст на насилниотекстремизам, како и потенцијалните начини за градење отпорни заедници. Истражувачкиот тим даде одговори на клучните прашања во однос на факторите кои влијаат на радикализацијата кон насилен екстремизам во општините, како и препораките за подобро идентификување на социо-економски аспекти, состојбата на ранливите групи и начините за помагање во справувањето со тие ранливости на локално и национално ниво.