РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ВО СКЛОП НА ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕРАЗМУС+KA220 ПРОГРАМАТА

30.01.2023

Претставници од Воената академија земаа учество на третата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“, кој се реализираше во Таргу Џиу, Романија, во периодот од 23 до 27 Јануари 2023 година, согласно Еразмус+ KA220 програмата

За време на работилницата, се разменија искуствата меѓу партнерите во делот на одговорно користење на ИКТ за време на наставата, дозволени и недозволени активности при користење на социјалните медиуми, вметнување на содржини во дело за безбедност онлајн низ наставните програми.

Работилницата  исто така  вклучуваше активности, тимска работа и интерактивни задачи.   Партнерите, разменија мислења за деталите, плановите и активностите на   партнерите, како и  за координацијата на  различните аспекти на следните проектните активности.

Покрај меѓусебното споделување на практиките кои се користат во образованието, учесниците на обуката ги посетија манастирот Хорезу и грнчарските работилници.

Проектот ќе се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Концептот на идната училница е создавање на модерен простор за учење и предавање на иновативен начин. Заедно со проектните партнери од Р. Полска како координатор и партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, научивме како треба да изгледа идното образование. Главната цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.

Галерија