ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ВО ЦРНА ГОРА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

26.01.2023

На 26ти јануари 2023 година, Воената академија беше домаќин на делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора, на чело со полковник Велибор Бакраќ кој е генерален директор на Директоратот за човечки ресурси.

На посетата беше присутен раководителот на секторот за човечки ресурси на Министерство за одбрана на Република Северна Македонија, потполковник Јетнор Марке.

На почетокот на посетата беше одржана презентација за Воената академија со која што претставниците на Министерството за одбрана имаа можност да се запознаат со тековните проекти и активности на Воената академија, како и со процесот на едукација. За време на посетата се дискутираа придобивките од воспоставената соработка помеѓу двете институции и следните чекори за нејзино продлабочување. Во дискусиите за соработката помеѓу двете држави беа истакнати неколку можности со акцент на напредок во партнерство во спроведувањето на безбедносно-одбранбениот проект Летен кампус, кој во летниот период повеќе од една деценија собира питомци и студенти од повеќе од 20 држави од светот. Овој проект има огромен придонес кон зголемувањето на свеста за интероперабилноста помеѓу офицерите од земјите членки на НАТО и нивните партнери, како и зголемување знаењата од академискиот, но и практичниот дел на военото образование и обука.

Од страна на делегацијата беше остварена средба со питомците од Црна Гора кои во моментов се на школување на Воената академија при што г-дин Бакраќ искажа благодарност за можноста за школување на питомци од Црна Гора на нашата Академија, задоволство од квалитетот на досега дипломираните и промовирани млади офицери, како и намера овој вид на соработка да продолжи со истиот интензитет и во иднина.

Галерија