Агенцијата за национална безбедност и Воената академија - Скопје, ја препознаа потребата за иницијатива за меѓусебна соработка во областа на безбедноста и одбраната како најзначаен сегмент за секое општество.
Беа разгледани сите можности и перспективи во насока на координирано ползување на заедничките капацитети во областа на раузнавањето и контраразузнавањето, сајбер безбедноста и дигиталната форензика. Констатирано беше дека од голема важност и од непосреден интерес за националната безбедност на Република Македонија се постојаната стручна и професионална надградба на кадрите од оваа област.
Во следниот период ќе се потпише меморандум за соработка, кој што дополнително ќе отвори простор за соработката во делот на научно-истражувачка и апликативна дејност, студиски програми за втор и трет циклус на студии, обуки, семинари, курсеви, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани.