Конкурс за избор на наставници 2020

08.04.2020

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на РМ“ бр. 82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор на наставници на Воената академија во Скопје

 

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ

 1.  НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ:  (2) ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, ПОЛЕ: (205) ЕНЕРГЕТИКА, (214) МАШИНСТВО и (225) ЖИВОТНА СРЕДИНА, ОБЛАСТ: (20507) МОТОРИ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ, (21411) МОТОРНИ ВОЗИЛА и (22503) БУЧАВА И ВИБРАЦИИ – еден (1) извршител;

2. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ:  (6) ХУМАНИСТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: (601) ИСТОРИСКИ НАУКИ, НАУЧНА ОБЛАСТ: (60106) СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА (1800 ДО 1914), (60107) СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА (ПОСЛЕ 1914) И (60115) ОПШТА ИСТОРИЈА НА НОВИОТ ВЕК − еден (1) извршител;

3. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ:  (1) ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: (109) МАТЕМАТИКА, НАУЧНА ОБЛАСТ: (10900) МАТЕМАТИКА, (10912) ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА И МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ − еден (1) извршител.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

  • да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

III. Кандидатите за избор во наставно-научно звање треба да ги достават следните документи:

  • пријава по конкурс;
  • кратка биографија (печатена и електронска);
  • диплома за завршен докторат  (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
  • странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
  • список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
  • уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.