Конкурс за избор/реизбор на наставници на Воената академија во Скопје 2015

17.12.2015

Врз основа на член 63 и 131 од Законот за високо образование и член 18 став 1 алинеа 6 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/09), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор/реизбор на наставници на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ОБЛАСТИ

1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: „ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ“, НАУЧНА ОБЛАСТ: „ВОЕНО ТЕХНИЧКИ НАУКИ“ и „МАШИНСКИ СИСТЕМИ“ − еден (1) извршител.

 2. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: „ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ НАУЧНА ОБЛАСТ: „ВОЕНО ТЕХНИЧКИ НАУКИ“ и „ПАТИШТА И АЕРОДРОМИ“ − еден (1) извршител.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

Кандидатите за избор во наставно-научни звања на Воената академија треба:

- да имаат завршено трет циклус студии (доктор на науки) во научната област за која се врши изборот;

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 124, 125 и 142 од Законот за високо образование, Законот за Воената академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

III. Кандидатите за избор во наставно-научно звања треба да ги достават следните документи:

-         пријава по конкурс;

-         кратка биографија (печатена и електронска);

-         диплома за завршено соодветно образование (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверен кај нотар);

-         странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;

-         список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF или во тврда копија);

-         уверение за државјанство;

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до Архивата на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.