Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија 2015

24.07.2015

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – СКОПЈЕ

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), Воената академија во Скопје објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за управување на кризи и заштита и спасување на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во учебната 2015/2016 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за управување на кризи и заштита и спасување на прв циклус на студии на Воената академија за 36 кандидати и тоа:

а) за потребите на Армијата на Република Македонија – 26 кандидати

б) управување со кризи – 5 кандидати

в) заштита и спасување – 5 кандидати

Студиите на прв циклус на студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС

На Конкурсот можат да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:

- да се државјани на Република Македонија;

- да положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во ги­мназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење;

- да не се постари од 21 година на денот на пријавување и поднесување документи и

- да се психофизички способни (утврдува воено-лекарска комисија).

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:

- да не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежна служба во Министерството за одбрана и успешно да го положат тестот за физичка способност.

Право на учество на Конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство.

Кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ за нострификација на свидетелство или на дипломата добиена во странство, издадена од надлежно министерство.

Право да учествуваат на Конкурсот имаат и странски државјани.

Странските државјани треба да достават диплома за завршено средно образование преведена на македонски јазик и неговото кирилско писмо и заверена од надлежен орган.

Согласно Националниот акциски план на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации, со цел зголемување на улогата и активното учество на жените во областа на мирот, одбраната и безбедноста, Министерството за одбрана на Република Македонија ги повикува и ги охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на Конкурсот.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во учебната 2015/2016 година, покрај општите и посебните услови се земаат предвид и следните критериуми:
- општиот успех на кандидатите по сите предмети;

- успехот од државната матура;

- успехот постигнат на проверката на компетенциите (физичка способност).

Вреднувањето на критериумите за запишување се изразува во поени. Кандидатите кои положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење можат да освојат максимум 100 поени вкупно за сите критериуми.

Кандидатите кои немаат положено државна матура или меѓународна матура можат да освојат максимум 65 поени вкупно за сите критериуми.

Општиот успех постигнат по сите предмети во средното образование се вреднува најмногу до 45 поени.

На општиот успех на кандидатите постигнат по сите предмети во средното образование се додава и успехот од државна или меѓународна матура којашто се вреднува најмногу до 45 поени.

На општиот успех на кандидатите постигнат по сите предмети во средното образование и успехот од државната или меѓународна матура се додава и успехот од проверката на компетенциите (физичка способност) што се вреднува најмногу до 10 поени.

Предност при запишувањето, под услов да исполнат минимум поени утврдени со овој конкурс, имаат припадниците на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група, утврдени со одредбите од член 2 и член 4 од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства („Службен весник на Република Македонија“ бр. 2/2002).

ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ

Вреднувањето на успехот од средното образование се врши на следниот начин: се собираат сите оценки што се внесени во сведителствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 9. На ваков начин можат да се добијат максимум 45 поени.

За кандидати кои полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 додина вреднувањето на успехот од државната матура се врши на следниот начин: за сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1). Другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидадите ги избираат при полагање на државната матура, а коишто се значајни за запишување на Академијата се следните:

Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик.

Интерни предмети:

- за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија (два предмети И1 и И2);

- за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија (двата предмети И1 и И2).

За двата екстерни предмети:

- за кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет, оцената од секој екстерен предмет се множи со коефициент 1,7 и кон тоа се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за соодветниот предмет поделен со 25.

- за кандидатите кои на државната матура како екстерен предмет полагале математика (напредно ниво), пресметаните поени за овој предмет согласно претходниот став, се удвојуваат.

По оваа основа можат да се добијат најмногу 25 поени за двата екстерни предмети, односно 37,5 поени за кандидатите кои полагале математика (напредно ниво).

За двата интерни предмети:

- Оцените од секој од интерните предмети што се полагаат на државната матура се множи со коефициент 1,5.

- за кандидатите кои на државната матура како интерен предмет полагале математика (напредно ниво), пресметаните поени за овој предмет согласно претходниот став, се удвојуваат.

- Оцените од секој од интерните предмети што се полагаат на државната матура, а коишто се незначајни за студиската програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 0.

По оваа основа можат да се добијат најмногу 15 поени, односно 22,5 поени за кандидатите кои полагале математика (напредно ниво).

За проектната задача:

Оцената добиена од проектната задача се множи со коефициент 1. По оваа основа можат да се добијат најмногу 5 поени.

За кандидати кои полагале државна матура во учебната 2013/2014 и 2014/2015 година вреднувањето од државната матура се врши на следниот начин: за сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1). Другите предмети (екстерни и интерен) кои кандидадите ги избираат при полагање на државната матура, а коишто се значајни за запишување на Академијата се следните:

Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик;

Екстерен изборен предмет (Е3):

- за гимназија: математика (ако не е избран како Е2), странски јазик (ако не е избран како Е2), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија

- за средно стручно образование: математика (ако не е избран како Е2), странски јазик (ако не е избран како Е2), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија.

Интерен предмет (И1):

- за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија;

- за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија.

За трите екстерни предмети:

- за кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет што е значаен за студиската програма на која конкурираат, оцената од секој екстерен предмет се множи со коефициент 1,4 и кон тоа се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за соодветниот предмет поделен со 25.

- за кандидатите кои на државната матура како екстерен предмет полагале математика (напредно ниво), пресметаните поени согласно претходниот став, се удвојуваат.

- за кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет што е незначаен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0.

По оваа основа можат да се добијат најмногу 33 поени за сите три екстерни предмети, односно 44 поени за кандидатите кои полагале математика (напредно ниво).

За интерниот предмет:

- оцената за интерниот предмет што се полага на државната матура, а којшто е значаен за студиската програма на која кандидатот конкурирал, се множи со коефициент 1,4;

- за кандидатите кои на државната матура како интерен предмет полагале математика (напредно ниво), пресметаните поени за овој предмет согласно претходниот став, се удвојуваат.

- оцената од интерниот предмет што се полага на државната матура, а којшто е незначаен за студиската програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 0.

По оваа основа можат да се добијат најмногу 7 поени, односно 14 поени за кандидатите кои полагале математика (напредно ниво).

За проектната задача:

Оцената добиена од проектната задача се множи со коефициент 1. По оваа основа можат да се добијат најмногу 5 поени.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот го спроведува Конкурсна комисија, Комисија за прием на документација и обработка на податоците и Комисија за спроведување на проверката на компетенциите (физичка способност).

Пред отпочнувањето на проверката на компетенциите се врши утврдување на психофизичката способност на кандидатите. Ова има елиминаторен карактер.

Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оценка од Воено-лекарска комисија во Воено-медицинскиот центар во Скопје.

Воено-лекарска комисија врши утврдување на психофизичка способност согласно Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/03 и 5/04).

Постапката за проверка на компетенциите се состои од проверка на физичката подготвеност, од следните дисциплини:

 

Скок во далечина од место

Згиб на вратило

Стомачни подигања

Трчање

 

М

Ж

М

Ж

М

Ж

М

1600 m

Ж
800 
m

Поени за минимум

сантиметри

репетициии

Издражани во згиб/сек.

подигања

минути

 

180

120

3

3

25

25

8,00

6,00

Проверката на компетенциите има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите коишто не ги задоволиле предвидените норми, односно не освоиле минимум 5 поени од можните 10 поени за сите дисциплини.

При проверката на компетенциите кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).

Вкупниот број поени врз чијашто основа се врши рангирање на кандидатите се добива со собирање на поените од: успехот во средното образование, поените од државната или меѓународна матура и проверката на компетенциите.

Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија. Услов за избор на кандидатите за школување се освоени минимум 60 од можните 100 поени добиени по сите основи.

Конкурсната комисија на огласна табла на Академијата ги објавува поените на кандидатите од средното образование (среден успех), поените од државната матура (среден успех) и резултатите од проверката на компетенциите (физичката способност) веднаш по завршената работа на Комисијата за проверка на компетенциите.

Кандидатот кој не е задоволен со постигнатите резултати има право на приговор до Конкурсната комисија во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите од проверката на компетенциите (физичката способност) на огласна табла на Воената академија. Приговорот се доставува лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

Ако приговорот е доставен по утврдениот рок кандидатот го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на резултатите (поените) од проверката на компетенциите.

Конкурсната комисија изготвува и објавува прелиминарна ранг-листа на добиените резултати за кандидатите за школување во рок од 24 часа по реализацијата  на проверката на физичката подготвеност.

Во прелиминарна ранг-листа се истакнува бројот на поените од средно образование (среден успех), бројот на поените од државна матура (среден успех), бројот на поените од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број на поените за секој кандидат.

Кандидатите имаат право на приговор на прелиминарната ранг-листа до Деканатската управа на Воената академија преку Конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување. Приговорот се доставува лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

Одлуката на Деканатската управа по приговорот е конечна.

Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Воената академија во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување приговори.

Во случај два или повеќе кандидати да имаат еднаков број поени и да не може да се изврши избор на предвидениот број кандидати за школување предност при изборот ќе имаат кандидатите – добитници на награди и признанија на државни и меѓународни натпревари во области значајни за соодветна студиска програма. Видот и соодветноста на наградите и признанијата ги утврдува Конкурсната комисија на Воената академија.

По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Воената академија донесува предлог мислење за истата и го доставува до министерот за одбрана, кој донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.

Посебните права и обврски на кандидатите примени за питомци се уредуваат со договор во согласност со Законот и Статутот на Академијата.

РОКОВИ

Заинтересирани кандидати за упис на Воената академија за учебната 2015/2016 година можат да се пријават на 04, 05 и 06.08.2015 година. Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во планираниот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на 24 и 25.08.2015 година и трет уписен рок на 04.09.2015 година.

По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност.

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:

  • молба, што се добива во Воената академија;
  • пријавен лист, што се добива во Воената академија;
  • свидетелства за сите четири години од средното образование во оригинал;
  • диплома за положен матурски испит во оригинал;
  • уверение за државјанство;
  • извод од матичната книга на родени;
  • уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ издаден од надлежно министерство за нострификација на свидетелства за сите години, за дел од годините што ги завршиле во странство или диплома за завршено средно образование добиена во странство.

Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите кои се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на Армијата на Република Македонија по завршување на студиите се стекнуваат со статус студент/питомец.

За време на школувањето на студентите/питомци им се обезбедува интернатско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инвалидско осигурување, месечни примања за намирување на најнеопходните лични потреби, патни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Воената академијата.

Посебните права и обврски меѓу студентите/питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена академија и Статутот на Воената академија.

По завршувањето на школувањето студентите/питомци се произведуваат во чин потпоручник од соодветен род и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.