Конкурс за избор/реизбор на наставници на Воената академија во Скопје 2015

24.07.2015

Врз основа на член 63 и 131 од Законот за високо образование и член 18 став 1 алинеа 6 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/09), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор/реизбор на наставници на Воената академија во Скопје

I.ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА, ОБЛАСТИ

1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: ЕНЕРГЕТИКА, МАШИНСТВО И ЖИВОТНА СРЕДИНА, НАУЧНА ОБЛАСТ: МОТОРИ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ, МОТОРНИ ВОЗИЛА И БУЧАВА И ВИБРАЦИИ − еден (1) извршител

2. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: ПРИРОДНИ И МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: МАТЕМАТИКА, НАУЧНА ОБЛАСТ: МАТЕМАТИКА, ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА И МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ − еден (1) извршител

3. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: ХУМАНИСТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: ИСТОРИСКИ НАУКИ, НАУЧНА ОБЛАСТ: СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА (1800 ДО 1914), СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА (ПОСЛЕ 1914) И ОПШТА ИСТОРИЈА НА НОВИОТ ВЕК − еден (1) извршител

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор во наставно-научни звања на Воената академија треба:

- да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки ) во научната област за која се врши изборот;

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 124,125 и 142 од Законот за високо образование, Законот за Воената академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“– Скопје.

III. Кандидатите за избор во наставно-научно звања треба да ги достават следните документи:

- пријава по конкурс;
- кратка биографија (печатена и електронска);
- диплома за завршено соодветно образование; (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверен кај нотар);
- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF);
- уверение за државјанство;

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до Архивата на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.