Поефективна соработка на воената академија со општина аеродром преку потпишан меморандум за разбирање

07/26/2022 - 16:06



Во насока на отпочнување на заеднички активности за подобрување на функционирањето на Воената академија во склоп на општина Аеродром, како и активности корисни за општината, на 20 јули 2022 година во просториите на Воената академија беше потпишан Меморандум за разбирање од страна на Деканот на Аакадемијата, проф. д-р Митко Богданоски и Градоначалникот на општина Ааеродром, проф. д-р Тимчо Муцунски.

За време на средбата Деканот ја истакна клучната улога која партнерските институции ја имаат во унапредувањето на работата на истата и се заблагодари за досегашната поддршка од страна на службите на општината.

Во планираните идни активности и проекти во соработка со општината, предвидени се активности за заедничко користење на капацитетите кои ги нуди општината, но и Академијата, како и посеопфатно вклучување на Академијата во развојот на заедницата на општина Аеродром.

Од своето формирање во 1995 година, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ своите активности ги извршува во касарната „Гоце Делчев“ во склоп на општина Аеродром.


GALLERY