Аcademic council

academic council

Наставно-научниот совет е стручен орган на Академијата. Наставно-научниот совет го сочинуваат, редовните и вонредните професори и доцентите вработени во Воената академија. Во Наставно-научниот совет по еден претставник избираат питомците, еден претставник студентите и еден претставник слушателите на специјалистичките стручни студии за командни и штабни должности.

Претставниците на питомците и студентите се избираат со мандат од две години, а преставникот на слушателите на специјалистичките стручни студии за командни и штабни должности се избира со мандат од една година.

Лицата кои се во работен однос во Министерството, а се избрани во наставнонаучно, научно и наставно звање, на Академијата, имаат статус на наставник.

На седниците на наставно-научниот совет по потреба можат да бидат повикани и други лица, без статус на член и без право на одлучување.

Work time
Пон-Петок 08-16

Наставно-научен совет активности

Наставно-научен совет активности

Седниците на наставно-научниот совет ги свикува и со нив раководи деканот. Во отсуство на деканот, со седниците на наставно-научниот совет раководи продеканот за настава.

Наставно-научниот совет ги врши следните работи:

  • донесува Статут на Академијата по претходна согласност од министерот за одбрана
  • по претходна согласност од министерот за одбрана, донесува студиски програми од прв и втор циклус на студии и студиски програми за стручно оспособување и усовршување и други програми за стручно и професионално усовршување. Студиските програми Наставно-научниот совет ги поднесува на потврдување на Сенатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, пред нивно доставување на согласност во Владата на Република Македонија
  • донесува четиригодишна програма за развој и годишна програма за работа

Наставно-научен совет - настава

Наставно-научен совет - настава

Наставно-научниот совет ги организира следниве наставни активности:

  • утврдува еден или повеќе кандидати за декан и му ги предлага на министерот за одбрана
  • избира продекани
  • му предлага студиски програми на министерот за одбрана
  • донесува програма за научно-истражувачка работа
  • врши избор во наставно-научни звања доцент, вонреден професор и во наставни звања; - предлага број на студенти кои се запишуваат на прва година на студии
  • до министерот за одбрана доставува предлог за конкурсот за запишување студенти на докторски студии на Академијата
  • на деканатската управа и предлага мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти
  • на деканатската управа и предлага мерки и одлучува за унапредување на наставната, научно-истражувачката и применувачката работа и за компјутерската мрежа

Наставно-научен совет - организација

Наставно-научен совет - организација

Наставно-научниот совет го организирава следново:

  • избира секретар на Академијата во согласност со овој статут
  • ги избира членовите на комисијата за самоевалуација и донесува упатство за
  • евалуација на Академијата
  • одлучува за придружно членство на Академијата
  • одлучува за библиотеката, за библиотечно-информацискиот систем и за остварувањето на библиотечно-информациската и документациона дејност, во согласност со овој
  • статут
  • одлучува за организирање на собири, симпозиуми, советувања и слично
  • одлучува за остварувањето на меѓународната соработка согласно овој статут
  • одлучува како второстепен орган по одлуките на деканот и другите органи на
  • Академијата
  • врши и други работи утврдени со Законот за Воената академија и овој статут

Наставно-научен совет - одлучување

Наставно-научен совет - одлучување

Наставно-научниот совет полноважно одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број негови членови, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.

При изборот во наставно-научни, научни и наставни звања не учествуваат претставниците на питомците, студентите и на слушателите на специјалистичките стручни студии за командни и штабни должности.

За работите од член 63, став 1, алинеите 1, 4, 5, 6 и 8, наставно-научниот совет може полноважно да одлучува доколку се присутни две третини од вкупниот број негови членови, а одлуката се смета за донесена ако за неа гласало мнозинството од присутните членови на советот.

Работењето на наставно-научниот совет се регулира со деловник кој го донесува советот со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови.