Public information

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на РМ" бр.13/06, 86/2008 и 6/2010), граѓаните можат да добијат информација од јавен карактер што сме ја изготвиле или со која располагаме, преку наведените врски кои водат до директните информации на нашата интернет страна или со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во нашата архива или да го превземат од наведената врска.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на нашата адреса ул. Васко Карангелевски б.б, 1000 Скопје, на Е-пошта: va@ugd.edu.mk или со пополнување на онлајн формата. Граѓаните исто така може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефонскиот број: +389 2 3283603.