Prof. Ph.D. Mitko Bogdanoski

Military Academy
Dean
Professor, Colonel
E-Mail

Деканот е раководен орган на Академијата. Деканот ја претставува Академијата во земјата и во странство, во согласност со овој статут. Деканот е самостоен во вршењето на работите од својата надлежност. Деканот, најмалку еднаш во годината, до наставно-научниот совет и до министерот за одбрана поднесува извештај за својата работа.

Деканот, во рамките на вршењето на својата раководна функција:

Права и обврски
ги извршува одлуките и заклучоците на деканската управа и наставно-научниот совет
се грижи за усогласено вршење на високообразовната, научно-истражувачката и применувачката дејност
ги свикува сединиците на наставно-научниот совет, го предлага дневниот ред и претседава со нив
ги подготвува и предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучува деканатската управа
на наставно-научниот совет му поднесува предлози на одлуки и заклучоци за прашањата чие разгледување и решавање е во негова надлежност
ги утврдува работните места на Академијата
распишува конкурс за избор на лица избрани во наставно-научни, научни и наставни звања, шест месеци пред истекот на времето за кое се избрани
ги промовира дипломираните питомци и студенти и доделува награди
го пропишува работното време, безбедноста, дисциплината, редот и внатрешната служба во Академијата
го пропишува системот на планирање, контрола, анализа и известување во Академијата
склучува договори во името на Академијата
ја уредува постапката за доделување на плакета, амблем и значка на Академијата
управува со имотот на Академијата и се грижи за неговото одржување
иницира соработка со сродни установи во земјата и во странство
врши и други работи согласно со Законот за Воената академија и овој статут

Д-р Митко Богданоски е редовен професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и визитинг професор на неколку други универзитети, како и полковник во Армијата на Република Македонија.

Неговите истражувачки интереси се во полето на сајбер (мрежна и системска) безбедност, хибридни закани, вмрежување, безжични и мобилни комуникации, MANET, WSN, енергетска ефикасност и теорија на информации и комуникации.

Education
Магистрирал и докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ, во 2000, 2006 и 2012
Дипломирал на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во областа телекомуникации (врски)
Training and development
Организирал, координирал или учествувал како главен и поканет предавач на неколку напредни школи и истражувачки семинари, најголем дел во областа на сајбер безбедноста и дигиталната форензика
Континуирано ангажиран како експерт во областа на сајбер безбедноста или како коорганизатор на активностите организирани од НАТО Центарот за одбрана од тероризам во Анкара, Турција и RACVIAC Центарот за безбедносна соработка во Хрватска
Membership in pro-scientific associations
Постар член на IEEE организацијата
Член на AFCEA
Член на IEEE Communications Society
Член на IEEE Computer Society
Член на IEEE Computer Society Technical Committee on Security and Privacy
Член на IEEE Cybersecurity Society
Член на IEEE Cloud Computing Community
Член на IEEE Internet of Things Community
Член на RFID, IEEE Technical Committee
Член на IEEE Smart Grid Community
Почесен член на здружението eSigurnost
Член на организациските комитети на неколку национални и меѓународни конференции
Член на уредувачки одбор и рецензент на неколку реномирани списанија
Information technology
Has certified knowledge in information technologies and actively uses all office applications.
Languages
Македонски
English
Work experience
Декан и редовен професор на УГД Воена академија "Михаило Апостолски" - Скопје
Во периодот Јули 2000 – Септември 2010 д-р Богданоски бил вработен во Центарот за електронско извидување во Армијата на Република Македонија, каде извршувал повеќе должности: Командир на вод, Командир на чета, Началник на С-3 и Заменик командант.
Scientific papers
Автор и едитор на 5 книги, повеќе поглавја на книги и автор на повеќе од 80 публикации објавени во реномирани меѓународни списанија/зборници.