15.03.2025
ИСПРАВКА
СЕ ВРШИ ИСПРАВКА на Конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијатана Република Северна Македонија објавен на ден 13.03.2025 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ и тоа:
- Во делот на општите услови, НАМЕСТО: „... да имаат завршено прв циклус на академски студии (додипломски студии) со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС во следниве научни подрачја и полиња (согласно Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната Фраскатиева класификација): медицински и здравствени науки (базична медицина); инженерство и технологија (електротехника, електроника и информатичко инженерство; машинство; друго инженерство и технологии (сообраќај и транспорт, мехатроника, прехранбено инженерство и технологии, текстилно инженерство)); земјоделски и ветеринарни науки (други земјоделски науки – наука за храна; ветеринарни науки); општествени науки...“, ТРЕБА ДА ГЛАСИ „...да имаат завршено прв циклус на академски студии (додипломски студии) со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС...“.
Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА