СТАНЕТЕ ОФИЦЕРИ ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!
Ги повикуваме сите млади на возраст до 28 години, со завршен прв циклус на студии по: базична медицина; електротехника, електроника и информатичко инженерство; машинство; друго инженерство и технологии (сообраќај и транспорт, мехатроника, прехранбено инженерство и технологии, текстилно инженерство); ветеринарни науки и општествени науки; заинтересирани за кариера во Армијата на Република Северна Македонија, да се пријават на Конкурсот кој го распишува Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Избраните кандидати ќе бидат пратени на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата на Република Северна Македонија во времетраење од 6 месеци, по што слушателите кои со успех го завршиле процесот, ќе бидат произведени во чин поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана, во согласност со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на РепубликаСеверна Македонија.
Сите детали за конкурсот, условите и процедурата можете да ги најдете во конкурсот објавен во продолжение.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – Скопје
Врз основа на член 25 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје (во понатамошниот текст: Академијата) распишува
КОНКУРС
Министерството за одбрана и Армијатана Република Северна Македонија
Академијата распишува конкурс за запишување на 60 (шеесет) кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, и тоа:
- Ветеринарна служба: 1 (еден) слушател;
- Воздухопловна техничка служба: 4 (четири) слушатели;
- Интендантска служба: 6 (шест) слушатели;
- Логистичка служба: 5 (пет) слушатели;
- Санитетска служба: 3 (три) слушатели;
- Сообраќајна служба: 4 (четири) слушатели;
- Техничка служба: 10 (десет) слушатели;
- Основна воена евиденциска специјалност: 20 (дваесет) слушатели;
- Правна служба: 3 (три) слушатели;
- Финансиска служба (4) слушатели.
Стручното оспособување и усовршување е со времетраење од 6 (шест) месеци.
Согласно бројот на пријавените кандидати и согласно вреднувањето на успехот при почетното рангирање, стручното оспособување и усовршување за офицери ќе се реализира во два дела, односно два курса:
- Првиот дел/курс: почнувајќи од месец Април 2025 година со времетраење од 6 (шест) месеци
- Вториот дел/курс: од месец Ноември 2025 година со времетраење од 6 (шест) месеци.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
На конкурсот може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови и тоа:
ОПШТИ УСЛОВИ
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- да имаат завршено прв циклус на академски студии (додипломски студии) со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС во следниве научни подрачја и полиња (согласно Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната Фраскатиева класификација): медицински и здравствени науки (базична медицина); инженерство и технологија (електротехника, електроника и информатичко инженерство; машинство; друго инженерство и технологии (сообраќај и транспорт, мехатроника, прехранбено инженерство и технологии, текстилно инженерство)); земјоделски и ветеринарни науки (други земјоделски науки – наука за храна; ветеринарни науки); општествени науки.
- да не се постари од 28 (дваесет и осум) години на денот на пријавување и поднесување документи и
- да се психофизички способни;
ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во Министерството за одбрана;
- да го положат тестот за физичка способност согласно тест-програмата за проверка на физичката способност на лица со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби;
- да ја поминат проверката на познавање на англиски јазик;
- да ја поминат проверката на интервју;
- за санитетска служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ, во следните научни полиња–БАЗИЧНА МЕДИЦИНА (сите области);
- за техничка служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје: ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА во следните научни полиња: електротехника, електроника и информатичко инженерство; машинство; друго инженерство и технологии – научни потполиња (сообраќај и транспорт, мехатроника, прехранбено инженерство и технологии, текстилно инженерство) во сите области;
- за интендантска служба кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје:ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА, во научно поле: ДРУГО ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИИ – научно потполе ПРЕХРАНБЕНО ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИИ (сите области); и во научно подрачје: ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ВЕТЕРИНАРНИ НАУКИ, научно поле: ДРУГИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ – научно потполе НАУКА ЗА ХРАНА (сите области).
- за ветеринарна служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научното подрачје ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ВЕТЕРИНАРНИ НАУКИ, во научно поле ВЕТЕРИНАРНИ НАУКИ (сите области);
- за воздухопловна техничка служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје: ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА во следните научни полиња: електротехника, електроника и информатичко инженерство; машинство; друго инженерство и технологии – научни потполиња (сообраќај и транспорт, мехатроника, прехранбено инженерство и технологии, текстилно инженерство) во сите области;
- за логистичка служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА во следните научни полиња: електротехника, електроника и информатичко инженерство; машинство; друго инженерство и технологии – научни потполиња (сообраќај и транспорт, мехатроника, прехранбено инженерство и технологии, текстилно инженерство) во сите области; ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА, во научно поле: ДРУГО ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИИ – научно потполе ПРЕХРАНБЕНО ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИИ (сите области); и во научно подрачје: ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ВЕТЕРИНАРНИ НАУКИ, научно поле: ДРУГИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ – научно потполе НАУКА ЗА ХРАНА (сите области) и ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА, во научно поле ДРУГО ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА – научно потполе СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ (сите области).
- за сообраќајна служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА, во научно поле ДРУГО ИНЖЕНЕРСТВО И ТЕХНОЛОГИЈА–научно потполе СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ (сите области).
- за основна воена евиденциска специјалност, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии односно Високо образование;
- за правна служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ во научно поле ПРАВО (сите области).
- за финансиска служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ во научно поле ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС (во областите: економија, меѓународна економија, менаџмент и бизнис, дигитален бизнис, маркетинг, сметководство и финансии).
При избор на кандидати за стручно оспособување и усовршување се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници и развој на родова перспектива, со почитување на принципот на стручност и компетенции.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ
Критериумите за запишување на лицата со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за потребите на Министерство и Армијата се:
1. Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии;
2. Да ја поминат проверката за утврдување на психофизичката способност;
3. Успехот постигнат од проверка на физичката способност;
4. Успехот постигнат од проверка на познавање на англиски јазик и
5. Да ја поминат проверката на интервју.
Вреднувањето на критериумите се изразува во поени.
ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ ПРИ ПОЧЕТНОТО РАНГИРАЊЕ
Максималниот број на поени што кандидатот може да ги освои по сите критериуми изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии учествува со најмногу 40 поени.
Успехот од проверка на физичката способност се вреднува со најмногу 20 поени.
Успехот од испитот по англиски јазик се вреднува со најмногу 20 поени.
Проверката од реализираното интервју се вреднува со најмногу 20 поени.
Вреднувањето на успехот од прв циклус на четиригодишни студии се врши на следниот начин: се собираат сите оцени што се внесени во уверението за положени испити од сите години на студии, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 4. На ваков начин најмногу можат да се добијат 40 поени.
Вреднувањето на физичката способност на кандидатите се врши според Тест- програмата за проверка на физичката способност на лица со завршен прв циклус на академски студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служба, така што постигнатиот број на поени на тестот (најмногу 100 поени) се множи со коефициент 0,2. На ваков начин можат да се добијат најмногу 20 поени.
Вреднувањето на успехот постигнат на испитот по англиски јазик се врши така што постигнатиот број на поени на тестот (најмногу 100 поени) се множи со коефициент 0,2. На ваков начин можат да се добијат најмногу 20 поени.
ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот го спроведуваат Конкурсна комисија што ја формира деканот на Академијата.
По техничка обработка на документацијата, конкурсната комисија ги упатува кандидатите на проверка на психофизичката способност која ја спроведува Воено-лекарска комисија во Воено-медицинскиот центар, согласно Правилникот за начинот на работа на воено лекарската комисија за утврдување на посебна здравствена способност на воениот персонал за вршење на служба во Армијата и Правилникот за мерила за оценување на посебната здравствена и физичка способност на воениот персонал за вршење на служба во Армијата.
Воено-лекарска комисија доставува известување потпишано од членовите на комисијата, за извршените лекарски прегледи на кандидатите до Конкурсната комисија, во рок од три дена по спроведените прегледи.
Против наодот, оценката и мислењето на Воено-лекарската комисија кандидатот може да поднесе жалба во рок од три дена од денот на известувањето за наодот, оценката и мислењето, до второстепена Воено-лекарска комисија.
Одлуката на второстепената комисија е конечна.
При проверка на психофизичката способност, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитет (лична карта или патна исправа) и здравствена книшка, а кандидатките од женскиот пол да достават и потврда од матичен гиниколог за уреден гиниколошки наод.
Кандидатите кои поминале на проверка на психофизичката способност се упатуваат на проверка на физичката способност.
Проверката на физичка подготвеност се врши според Тест програмата за проверка за физичката подготвеност објавена на веб страната на Министерството за одбрана и Академијата на следниот линк: https://ma.edu.mk/upis/test-programa-za-proverka-na-fizichka-sposobnost
Проверката на физичка способност има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидати што не ги задоволиле предвидените норми, односно кои не освоиле минимум 10 поени од можни 20 поени за секоја дисциплина поединечно.
При проверка на физичката способност, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитет (лична карта или патна исправа) и спортска опрема.
Кандидатите кои ќе ја поминат проверката на физичката подготвеност се упатуваат на проверка на познавање на англиски јазик.
Проверката за познавање на англиски јазик се спроведува со полагање соодветен тест во Центарот за странски јазици при Команда за обука и доктрини на Армијата.
Проверката на познавање на англиски јазик се врши според ALCPT тест(http://www.dlielc.edu/testing/alcpt_test.php).
Проверката со интервју ја спроведува Конкурсната комисија преку водење на разговор со секој од кандидатите поединечно.
Рангирање на кандидатите
Вкупниот број на поени, врз кои се врши рангирањето на кандидатите, се добива со собирање на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на академски студии, од проверка на физичката способност, од проверка на познавање на англиски јазик и од проверка со интервју.
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија.
Услов за рангирање и избор на кандидатите за стручно оспособување и усовршување се освоени минимум 60 поени добиени по сите основи од можни 100 поени.
Во рок од 24 часа по реализацијата на сите проверки, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и веб страната на Академијата прелиминарна ранг -листа на добиените резултати на кандидатите со завршен прв циклус на студии за запишување на стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството и Армијата, за секоја служба.
Во ранг-листата за секој кандидат се истакнуваат: бројот на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на академски студии, бројот на поени од проверка на физичката подготвеност, бројот на поени од проверка на познавање на англиски јазик, бројот на поени од реализирано интервју и вкупен број на поени.
На прелиминарната ранг-листа, кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Доколку нема поднесено приговори во предвидениот рок, прелиминарната ранг-листа станува конечна ранг-листа.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Академијата утврдува и доставува мислење со предлог до министерот за одбрана. Министерот за одбрана донесува решение за прием на кандидати за запишување за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството и Армијата.
РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на стручно оспособување и усовршување за офицериза службите на Академијата можат да ги достават потребните документи за пријавување 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на конкурсот.
По утврдување на пријавните листи, само пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани да го започнат процесот на селекција.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следниве документи:
- пријава (пополнет формулар кој се добива во деловодство на Академијата или на веб страната на Академијата) линк: https://ma.edu.mk/upis/kako-da-konkurirash.
- диплома и додаток на диплома или уверение за завршен прв циклус на студии за кандидатите на кои до денот на објавување на конкурсот не им е издадена диплома, односно нострифицирана диплома за кандидатите кои дипломирале во странство;
- уверение за државјанство;
- извод од матичната книга на родени;
- уверение од надлежен суд за неизречена мерка - забрана за вршење професија, дејност или должност и
- кратка биографија (CV).
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Академијата или по пошта на адреса ул. ,,Васко Карангелески“ број 12 во Скопје.
ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ
Кандидатите кои се примени на Конкурсот за стручно оспособување и усовршување се стекнуваат со статус на слушател.
Посебните права и обврски на слушателите ќе бидат уредени со договор.
На слушателите за време на стручното оспособување и усовршување им се обезбедува:
- сместување и исхрана, униформа и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирање, без надоместок;
- здравствено и инвалидско осигурување, доколку не им е обезбедено по друг основ;
- надомест на патни трошоци за превоз за доаѓање на Академијата и за враќање до местото на живеење во висина на чинење на автобуски билет и тоа на почетокот и на крајот на стручното оспособување и усовршување, како и на патни трошоци за упатување на пракса од Академијата, доколу не го користат организираниот редовен превоз и
- месечни парични примања за намирување на неопходни лични потреби, во износ од 100% од просечната исплатена месечна нето-плата по работник во Република Северна Македонија, објавена од Државниот завод за статистика за последниот месец пред исплатата.
По завршување на стручното оспособување и усовршување, слушателите се произведуваат во чин поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана, во согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на Република Северна Македонија.
Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА