ИЗМЕНА НА К О Н К У Р С
за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2024/2025 година
СЕ ВРШИ измена на Конкурсот за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2024/2025 година објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ од 11.06.2024 година, во делот на роковите за пријавување, и тоа НАМЕСТО зборовите: „...Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на ден 30.08.2024 година, во време од 08,00 до 16,00 часот и доколку повторно не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организита и трет уписен рок на 13.09.2024 година, во време од 08,00 до 16,00 часот...“, ТРЕБА ДА СТОИ: „...Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на 18.09. и 19.09.2024 година, во време од 08,00 до 16,00 часот и доколку повторно не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организита и трет уписен рок на 27.09.2024 година, во време од 08,00 до 16,00 часот...“
Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА