Конкурс за избор на наставници на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје

06.12.2022

Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/2021)и член 18 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

 

К О Н К У Р С
за избор на наставни
ци на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје

I.ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ:

  1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5)ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ:(515) ОДБРАНА, ОБЛАСТ: (51503) ИНТЕГРАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И (51510) ВОЕНИ ДОКТРИНИ-еден(1) извршител;
  2. НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5)ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ:(508) ПРАВНИ НАУКИ, ОБЛАСТ: (50802) УПРАВНО ПРАВО-еден(1) извршител;
  3. НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (2)ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, ПОЛЕ:(212) КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, ОБЛАСТ: (21201) ПРОГРАМСКИ ЈАЗИЦИ И ТЕХНОЛОГИИи(21202) ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ-еден(1) извршител.

II.Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

- има научен степен доктор на науки од соодветната област;

- има објавени најмалку шест рецензирани научни труда во референтна научна публикација согласно со овој закон во последните пет години пред објавување на огласот за избор;

-да бил претходно избран во звање вонреден професор;

-има објавен рецензиран учебник или монографија или практикум или збирка задачи од научната област за која се избира;

-има способност за изведување на високообразовна дејности

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високото образование, со Законот за Воената академија,со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

III.Кандидатите треба да ги достават следните документи:

- пријава по конкурс;

- кратка биографија (печатена и електронска);

- диплома за завршен докторат (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);

- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок
од трудовите електронски во PDF) и

- уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно - научнозвање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА