26.06.2024
Кандидатите кои имаат аплицирано на Конкурсот за студенти/питомци е потребно да се јават на преглед за утврдување на психо-физичката состојба во просториите на Воено-лекарската комисија во Воено-медицинскиот центар, согласно наведените датуми во списоците, во 07:45 ч.
Потребно е кандидатите со нив да понесат документ за лична идентификација и здравствена книшка. Прегледот ќе се реализира во два дена и важно е кандидатите да се појават во двата дена, при што во вториот ден е предвидено да се прави крвна слика за што е потребно кандидатите да немаат појадувано.
Список на кандидати за преглед во ВМЦ на ден 02-03.07.2024 година
Список на кандидати за преглед во ВМЦ на ден 03-04.07.2024 година