Врз основа на член 22 став (1) и член 23 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Министерството за одбрана објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 (едно) лице
во Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје
Министерството за одбрана објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време на следната работна позиција:
- Наставник / соработник, во Катедра за безбедност и кризен менаџмент, заштита и спасување, во Сектор за настава, во Воена академија - 1 извршител.
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Активно да го користи македонскиот јазик;
- Да е полнолетен;
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Да има завршено втор или трет циклус студии (доктор или магистер на општествени науки);
- Работно познавање на англиски јазик;
За предност се смета:
- Кандидатот да има избор во наставничко звање во поле / потполе на ,,безбедност“, според Меѓународната Фраскатиева класификација.
Работни денови:
- Од понеделник до петок;
- Работни часови неделно: 40.
Работно време:
- Времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 07.30 и 08.30 часот и завршеток помеѓу 15.30 и 16.30 часот.
Паричен нето износ на плата:
- 60. 500,00 денари (доктор на општествени науки);
- 44.675,00 денари (магистер на општествени науки).
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање дадени во овој оглас.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Уверение / диплома за завршен степен на образование во зависност од условите за работната позиција;
- Диплома /сертификат за познавање на странски јазик;
- Кратка биографија;
- Лекарско уверение од Институт за медицина на труд и
- Мотивациско писмо.
Спроведување на постапката за селекција опфаќа четири фази и тоа:
- Фаза I – административна селекција (проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со јавниот оглас);
- Фаза II – проверка на потребните работни компетенции за извршување на работите (тест и интервју);
- Фаза III – рангирање на кандидатите и
- Фаза IV – избор на кандидат.
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно член 23 став (2) од Законот за работните односи. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до деловодството на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“- Скопје или по пошта на следната адреса: ,,Васко Карангелески“ б.б. Скопје, касарна ,,Гоце Делчев“ – Скопје, деловодство на Воената академија, со назнака ,,за јавен оглас за вработување на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.“
Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА