Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика при Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје, во соработка и со поддршка од Министерството за одбрана и Министерството за дигитална трансформација, организира симулациската вежба на тема „Справување со фишинг и рансомвер напади“.
Настанот официјално го отворија деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во своето обраќање, деканот Богданоски, потенцираше дека согласно обврските и одговорностите предвидени во Националната стратегија за сајбер безбедност, Институтот ќе даде максимална поддршка во јакнење на капацитетите за сајбер безбедност и дигитална форензика не само во државата, туку и пошироко.
Огласи
11.11.2024
Конкурси
22.11.2024
11.11.2024
Соопштенија
ТРЕТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ SETOFF
29.01.2024
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше на третиот транснационален состанок организиран во рамките на проектот SETOFF (Smart Education and Training PrOgram For central and local government servants: Embrace vulnerability as our greatest and innovative tools For risk management) на 22 и 23 јануари 2024 година во Брисел, Белгија.
Соработката со партнерите – еден од клучните приоритети на Воената академија
25.12.2023
Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Деканот на Воената академија ја посети Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија во периодот од 18-22 декември 2023 година.
За време на посетата претставниците од Воената академија имаа можност да учествуваат во активности поврзани со едукација и обука, како и да остварат средби со раководството на Поморската воена академија, разгледувајќи ги можностите за проширување и продлабочување на веќе воспоставената соработка.
РЕАЛИЗИРАН ФИНАЛНИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ОД ЕРАЗМУС+KA220 ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“
16.12.2023
Во период од 10-13 Декември 2023 година, во Токат, Р. Турција се реализираше финалниот транснационален состанок од Еразмус+KA220 проектот во организација на партнерот од Турција - Tokat Milli Piyango İhya Balak Fen Lisesi !
Активноста започна со топло добредојде од нашиот турски домаќин како и со презентација за убавините на Токат.
За време на Транснационалниот состанок се дискутираа реализираните проектни активности како и останатите активности кои треба да се завршат до крајот на проектот, вклучувајки го и финалниот извештај. Дополнително, на беше презентиран и дискутиран прогресот на планот за одржливост и дисеминација.
Регионален состанок на родови обучувачи
11.12.2023
Во периодот 5-6 декември 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа 8. Регионален состанок на родови обучувачи. Состанокот беше организиран во рамките на проектот на UNDP/SEESAC„Поддршка за вклучување на родовите аспекти во реформата на безбедносниот сектор во Западен Балкан“, чија цел е да им помогне на министерствата за одбрана во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија да ја интегрираат родовата еднаквост во реформата на безбедносниот сектор преку регионална соработка. Темата за оваа средба беше „Род, подготвеност за катастрофи и помош - улогата на вооружените сили“.