Конкурс за избор на наставници и соработник на Воената академија во Скопје 2019

08/01/2019 - 00:01

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на РМ“ бр.82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

 К О Н К У Р С

за избор на наставници и соработник на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА и СОРАБОТНИК ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА и ОБЛАСТИ

 1. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: 2. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 224. ТЕЛЕКОМУНИКАЦИОНО ИНЖИНЕРСТВО, НАУЧНА ОБЛАСТ: 22400. ТЕОРИЈА НА ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИИ и НАУЧНО ПОЛЕ 212. КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, НАУЧНА ОБЛАСТ 21202. ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ  - еден (1) извршител;

 2. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 6. ХУМАНИСТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 601. ИСТОРИСКИ НАУКИ, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 60107. СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА (ПОСЛЕ 1914) И 60114.ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА – еден (1) извршител.

 3. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 1. ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 107. ХЕМИЈА, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 10703. БИОХЕМИЈА И 10706. ОРГАНСКА ХЕМИЈА- еден (1) извршител.

 4. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5. ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНИ ПОЛИЊА: 515. ОДБРАНА И 516.БЕЗБЕДНОСТ, НАУЧНА ОБЛАСТ: 51511. ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ – еден (1) извршител;

 II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

  • да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

2. Кандидатите за избор во соработничко звање на Воената академија треба :

  • да имаат завршено втор циклус (магистер) во научната област за која се врши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 170 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје;

 3. Дополнителни критериуми за избор на кандидат за точка 4:

  • завршен II циклус на студии на Воената академија (магистратура по менаџмент за одбранбено-безбедносни ресурси во областа на безбедноста и одбраната) или завршен II циклус на студии на соодветен факултет.
  • трупна служба од најмалку 5 години;
  • да има афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

 III. Кандидатите за избор во наставно-научно и соработничко звање треба да ги достават следните документи:

  • пријава по конкурс;
  • кратка биографија (печатена и електронска);
  • диплома за завршено соодветно образование (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
  • странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
  • список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
  • уверение за државјанство.

 Конкурсот трае 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.