Посета и предавање од воено аташе на Норвешка

04/28/2023 - 08:43

На 27.04.2023 година на Воената академија беше реализиран работен состанок со претставници од Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Норвешка (CIDS), Terje Haaverstad, меѓународен експерт и Islam Jusufi, тим лидер на Проект за градење интегритет во Р.С.Македонија. На состанокот присуствуваше и полк. Dag-Magne Lunde, воено аташе на Норвешка во Република Северна Македонија. Од страна на Воената академија на состанокот беа присутни проф. д-р Елениор Николов, полк. и продекан за меѓународна соработка и проф. д-р Билјана Каровска-Андоновска, сертифициран обучувач за градење интегритет.

На работниот состанок беа разгледани обврските и дискутирани можностите кои за Воената академија произлегуваат од Планот за градење интегритет (2021-2025) на Министерството за одбрана.

По работниот состанок, г-дин Terje Haaverstad одржа предавање за питомците и наставниот кадар на Воената академија на тема: Градење интегритет и дилеми