Организирана крводарителска акција по повод тридецениски јубилеј на воената академија

05/31/2022 - 10:30

По повод тридецениски јубилеј како создавач на идните лидери на Армијата, Воената академија во соработка со Црвениот крст „Кисела Вода“ и институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција во касарната “Гоце Делчев”.
Благодарение на добриот одговор и заинтересираноста на персоналот успешно се обезбедија 70 крвни единици.
Голема благодарност до сите кои беа дел од оваа крводарителска акција и покажаа солидарност кон оние на кои капка крв им значи живот.