Обука за односи со јавноста во рамките на “Летниот кампус 2018″

07/03/2018 - 10:00

На 02 јули 2018 година започна петдневниот ”Основен курс за односи со јавноста” во рамките на Летниот кампус 2018 во реализација на мобилниот медиа тренинг тим на Регионалниот центар за односи со јавноста. Вкупно 11 питомци и студенти од Албанија, Романија, Косово, Црна Гора, Хрватска и Македонија учествуваат во оваа мултинационална активност и се запознаваат со најважните теми од областа на односите со јавноста.

Практичните вежби за комуникациски вештини и медиа тренинг се централен дел на курсот, а посебен акцент е даден на темата за организација и одржување на прес конференција, што исто така е планирано да биде дел од финалната вежба на Летниот кампус 2018.

Ова е шесто учество на мобилниот медиа тренинг тим на Регионалниот центар за односи со јавноста во рамките на Летниот кампус.

Летниот кампус 2018 е деветиот по ред мултинационален безбедносен проект за високо образование во организација на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” со учество на 11 земји: САД, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово, Германија, Австрија, Хрватска и Македонија.