КОНКУРС за избор на наставници и соработници на Воената академија во Скопје

08/25/2014 - 13:42

Врз основа на член 63 и 131 од Законот за високо образование и член 18 став 1 алинеа 6 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/09), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува,

К О Н К У Р С
за избор на наставници и соработници на Воената академија во Скопје

I.ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА И СОРАБОТНИЦИ ПО СЛЕДНИТЕ НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА, ОБЛАСТИ
1. Наставник во сите звања во научното подрачје: Општествени науки. Научно поле: Правни науки. Научна област: Казнено право, Човекови права и слободи, Меѓународни односи и историја на дипломатија – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
2. Наставник во сите звања во научното подрачје: Техничко-технолошки науки. Научно поле: Електроника и автоматика. Научна област: Електроника – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
3. Наставник во сите звања во научното подрачје: Природно-математички науки. Научно поле: Физика. Научна област: Физика – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
4. Наставник во наставно звање во научното подрачје: Општествени науки. Научно поле: Одбрана. Научна област: Цивилна одбрана, Планирање на одбраната и заштита, Политички системи – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
Наставник во наставно звање во научното подрачје: Општествени науки. Научно поле: Безбедност. Научна област: Општа криминалистичка теорија, Криминалистичка методика, Криминологија – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
5. Наставник во наставно звање во научното подрачје: Општествени науки. Научно поле: Одбрана. Научна област: Управување и командување, Интегрална безбедност, Планирање на одбрана и заштита – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
6. Наставник во сите звања во научното подрачје: Општествени науки. Научно поле: Правни науки. Научна област: Meѓународно право, Меѓународни односи, Дипломатско и конзуларно право, Меѓународна безбедност, Казнено право и Криминологија – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
7. Соработник во научно подрачје: Општествени науки. Научно поле: Организациони науки и управување. Научна област: Управување со човечки
ресурси, Деловно комуницирање, Логистика,– еден (1) извршител за време од 3 (три) години
II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор во наставно-научни звања, соработник на Воената академија треба:
- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за високо образование, Законот за воена академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и соработнички звања на Воената академијата „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје,
- да покажуваат способност за наставно-научна работа,
- кандидатите e потребно да имаат најмалку 8 (осум) години работно искуство во Министерството за одбрана или АРМ.
- кандидатите – воени старешини да имаат две последни оценки се истакнува и да бидат способни за вршење на воена служба (се докажува со потврда).

III.Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- пријава по конкурс,
- кратка биографија (во печатена и електронска),
- диплома за завршено соодветно образование, (доказ за завршено соодветно образование),
- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените,
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите – копија),
- уверение за државјанство.
Конкурсот трае 8 дена сметано од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до архивата на Воената академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.