Почетокот на Стручните студии од втор циклус (Специјализација за командни и штабни должности)

11/13/2023 - 15:25

Началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и деканот на Воена академија полковник проф. д-р Митко Богдноски го означија почетокот на Стручните студии од втор циклус (Специјализација за командни и штабни должности) при што им посака успешно школување на 24-те офицери-слушатели. Отпочнувањето на специјалистичките студии е плод на заложба и соработка помеѓу Воената академија и Генералштабот на Армијата. Воедно од деканот на Воената академија е изразена голема благодарност до Началникот на Генералштабот за безрезервната поддршка во школувањето на студентите од прв и втор циклус.

Gallery