Конкурс за избор на наставници на Воената академија во Скопје

05/05/2023 - 14:24

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/2021)и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор на наставни
ци на Воената академија во Скопје

I.ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ:

  1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5)ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ:(508)ПРАВНИ НАУКИ, ОБЛАСТ: (50804) КАЗНЕНО ПРАВО, (50818) ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ и (50815) МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ и ИСТОРИЈА НА ДИПЛОМАТИЈА-еден(1) извршител;
  2. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5)ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ:(515)ОДБРАНА, ОБЛАСТ: (51503) ИНТЕГРАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, (51506) УПРАВУВАЊЕ И КОМАНДУВАЊЕ и (51509) ПЛАНИРАЊЕ НА ОДБРАНА И ЗАШТИТА-еден(1) извршител.
  3. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5)ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ:(511)СОЦИОЛОГИЈА, ОБЛАСТ: (51110) СОЦИОЛОГИЈА НА КУЛТУРАТА и (51111) СОЦИОЛОГИЈА НА РЕЛИГИЈА -еден(1) извршител.
  4. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (2)ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, ПОЛЕ:(214)МАШИНСТВО, ОБЛАСТ: (21403) ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО, ТЕХНОЛОГИИ И СИСТЕМИ -еден(1) извршител.

II.Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следнитеуслови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

- да имаат завршено трет циклус студии (доктор на науки) во научната област за која се врши изборот;

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија,со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

III.Кандидатите треба да ги достават следните документи:

- пријава по конкурс;

- кратка биографија (печатена и електронска);

- диплома за завршен докторат (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);

- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок
од трудовите електронски во PDF) и

- уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса:

ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно - научнозвање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

 

 

ВОЕНА АКАДЕМИЈА