Учество на припадник од Воената академија на третиот модул од Програмата за развој на наставниот и инструкторскиот кадар за БиХ

11/25/2022 - 22:52

Во периодот 21-25 ноември 2022 година, во Центарот за професионален развој во Травник, Босна и Херцеговина, се реализираше третиот модул од Програмата за развој на наставниот и инструкторскиот кадар за БиХ. Реализацијата на оваа активност е во рамки на програмата на НАТО за подобрување на образованието во одбраната (DEEP). Во оваа активност, како дел од DEEP тимот, во својство на предавач/обучувач учествуваше проф. д-р Билјана Каровска-Андоновска од Воената академија

Gallery