Во период од 23 до 27 март во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје се реализира Курс за ракувачи со муниција и минско-експлозивни средства.
Целта на Курсот на кој учество земаат 18 припадници од Армијата на Република Македонија и 12 припадници на Министерството за внатрешни работи е обезбедување на напредна обука во врска со муницијата и минско-експлозивните средства, а исто така и примената на современата методологија при нивното чување и одржувањето запазувајки ги строгите мерки на безбедност при манипулирање со нив.
Курсот е поддржан од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации, односно Центарот за мало и лесно вооружување на земјите на Југоисточна Европа – SEESAC, а го реализира Одделението за контрола и верификација на вооружувањето во Министерството за одбрана во соработка со Армијата на Република Македонија и Воената Академија.
Курсот го отвори Деканот на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, полковникот Орце Поповски.
03/26/2015 - 20:20