Унапредување на системот за кризен менаџмент и заштита и спасување

12/04/2015 - 18:42

Во периодот од 29.11-01.12.2015 година, во Министерството за одбрана на Република Македонија се реализира семинар на тема „Унапредување на системот за кризен менаџмент и заштита и спасување“.

1

Наставата ја спроведоа професори од Воената академија, заедно со експерти од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Во рамки на предавањата  беа опфатени теми од областа на Националната безбедност, кризниот менаџмент, меѓународната соработка во делот на управувањето со кризи, европскиот инструмент за поддршка на цивилната заштита, современите информатички системи во системот за управување со кризи, превенцијата и раното предупредување, местото и улогата на органите на државната управа во системот за заштита и спасување, квалитативните и квантитативните методи кај управувањето со ризик, како и перспективите на системот за управување со кризи. Координатор и предавач на семинарот беше д-р Методија Дојчиновски, додека предавања по повик на истиот одржаа д-р Урим Вејсели, д-р Маја Тимовска, д-р Југослав Ачкоски, д-р Катерина Митковска - Трендова, м-р Марија Милкова, м-р Игор Карафиловски и Грозданка Наумовска.

Присуство семинарот земаа претставници од органите на државната управа, меѓу кои од министерството за одбрана, од министерството за внатрешни работи, од министерството за здравство, од министерството за животна средина, од Армијата на Република Македонија, од ЦУК, од ДЗС и други институции и органи). Интерес на семинарот привлече симулираната вежба во сала на која присутните решаваа сценарија и постапки на радиолошка, хемиска, биолошка и нуклеарна закана во населено место. За постигнатиот успех  и учеството на семинарот, доделени беа сертификати за учесниците благодарници за предавачите.

2


GALLERY