Воената академија со свој придонес на научните конференции fabulous 2015 и etai 2015

10/13/2015 - 21:50

Професори од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ дадоа значителен придонес на Mеѓународна конференција за идни овозможувачи на пристап кај сеприсутните и интелигентни инфраструктури FABULOUS 2015, која беше организирана под покровителство на EAI (Empowering the Innovation Community) здружението во периодот 23-25 септември, 2015 година. Покрај презентацијата на неколку прифатени трудови на конференцијата, вонреден професор д-р Митко Богданоски од Воената академија, заедно со професор д-р Александар Ристески, продекан на Факултетот за електротехника и информациски технологии, организираа и модерираа специјална сесија за Безбедност во сајбер просторот. На оваа сесија д-р Богданоски и м-р Димитар Богатинов презентираа неколку трудови на кои како автори се појавија и д-р Методија Хаџи-Јанев и д-р Југослав Ачкоски. Трудовите од оваа конференција, покрај останатите бази, ќе бидат цитирани и во базата на Springer.


1

2

3

4

5

 

Конференцијата се одржа во ист период и на иста локација со XII интернационална научна конференција ETAI 2015, организирана од Здружението за ЕТАИ (електроника, телекомуникации, автоматика и информатика), на која Воената академија исто така даде значителен придонес со свои трудови и активно учество за време на сите сесии и останати активности организирани како дел од Конференцијата.

6

7

8

9