Обука за односи со јавноста во рамките на летниот кампус 2016

07/13/2016 - 16:41



Мобилниот медиа тренинг тим на Регионалниот центар за односи со јавноста ја спреведе работилницата"Работата со медиумите" во рамките на Летниот Kампус 2016 во периодот од 7 до 13 јули 2016 година.Вклучени беа вкупно 13 питомци од Босна и Хецеговина, Бугарија, Албанија, Словачка, Романија и Македонија учествуваа во оваа мултинационална активност и се запознаа со најважните теми од областа на односите со јавноста.
Практичните вежби за комуникациски вештини и медиа тренинг беа централниот дел на работилницата,со посебен акцент на темата за организација и одржување на прес конференцијата,што исто така беше дел од финалната вежба на Летниот Кампус 2016.
Ова е четврто учество на мобилниот медиа тренинг тим на Регионалниот центар за односи со јавноста во рамките на Летниот Kампус.
Летниот Kампус 2016 е седмиот по ред мултинационален безбедносен проект за високо образование во организација на Воена академија "Генерал Михаило Апостолски" со учество на 13 земји: САД, Велика Британија, Турција, Италија, Словенија, Романија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово и Македонија


GALLERY