Втора работилница од проектот NOTIONES и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот

02/03/2023 - 08:06

Конзорциумот на партнери од проектот NOTIOENS, успешно и согласно предвидената динамика ги реализира зацртаните цели. После неколку онлајн активности, работата продолжи со физичко присуство во периодот од 07 до 08 февруари 2023, во Билбао, Шпанија. Согласно планот за работа, се реализираа: Втора работилница од проектот и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот NOTIONES. Организатор на настаните беше главниот координаторот на проектот компанијата TECNALIA - Fundacion Tecnalia Research & Innovation.

Втората работилница ја исполни дефинираната цел за обединување на партнерите од конзорциумот и внатрешна размена на идеи во насока на реализација на задачите од проектот. На активноста, свое обраќање имаа и одбрани надворешни професионалци кои со своето знаење и искуство претставуваа додадена вредност на дискусиите што се водат во рамките на работните групи на проектот. Работилницата исто така овозможи секој партнер да ги презентира своите истражувања како и да придонесе во целокупниот проект преку истакнување на идеи за дефинирање на препораки и побарувања, приоретизирање на технички потреби, индустријализација на решенија и дефинирање на стандарди.

Преку работата на 7-то Генерално собрание на конзорциумот, се потврди успешноста на предвидената динамика на проектот, овозможувајќи согледување на моменталниот статус на проектот и главните насоки за понатамошна работа. Активностите на Генералното собрание, како највисоко тело за одлучување во конзорциумот, беа главно насочени кон остварување на завршен преглед и подготовка на претстојните годишни извештаи за статусот на проектот.