Politika e privatësisë

sigurnost

На оваа страна ги документираме сите информации околу нашата употреба и обработка на Вашите лични податоци во процесот на остварување на нашите задачи, во согласност со законските овластувања при посета на нашата интернет страна, користење на некои од нашите сервиси или испраќање на порака до нас при користење на нашите контакт форми.

 

Контролор на личните податоци е Универзитет Гоце Делчев Штип, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје (во натамошниот текст: УГД Воена академија), со седиште на Васко Каранѓелевски б.б., Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се собираат, употребуваат и обработуваат исклучиво во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Можеме да собираме, употребуваме и обработуваме податоци поврзани со следниве категории на лица кои се посетители на нашата интернет страна:

  • Баратели и доставувачи на информации во врска со поднесување на барања и/или разни други пораки преку контакт формите. Овие барања/пораки необврзително содржат информации за идентитетот на испраќачот. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање или достава на информации.
  • Посетители на нашата интернет страна www.ma.edu.mk. Обработуваме податоци за страните кои се посетуваат, кои се користат за анализирање на посетеноста на нашата веб-страна како и нејзината употребливост. Исто така обработуваме податоци од тип на акции заради имплементирање на информациската сигурност на нашата веб страна и заштита од неовластени упади и/или напади. Повеќе информации за нашата употреба на колачиња во нашата Политика за користење на колачиња. [врска].
  • Лица кои врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараат пристап до истите. Како би добиле пристап до информациите, од подносителите се бараат информации за идентитетот на испраќачот и природата/потребата на самото барање. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање и се користат во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

1. Кои податоци при посета се евидентираат

За време на посета на нашите интернет страни, платформата за секој корисник врши запис/лог со следни информации:

  • Времето на посетата
  • Страната која се посетува и подопциите при тоа
  • Страната од која е препратена посетата и во некои случаи клучните зборови кои се користени при истотото препраќање
  • Оперативниот систем кој се користи и нагодувањето за екранска резолуција
  • Видот на пребарувачот и неговата верзија
  • Јазикот кој се користи на пребарувачот
  • Интернет (IP) адресата од која се пристапува
  • Типот на уред од кој се пристапува

Сите записи (логови) ротираат и се пребришуваат на секои 15 дена, освен заради проучување на сигурносен или кориснички проблем, кога дел од нив можеби ќе се анализираат подолго.

 

2. Потврдена дозвола за користење и доброволно доставени лични податоци

Со Ваше потврдување и давање на дозвола или доброволно доставување на лични податоци за понатамошна употреба и обработка при остварување на соодветни дејствија согласно законските прописи, при достава на информации или барање на некоја административна услуга од УГД Воена академија.

Собираме, употребуваме и обработуваме лични податоци од следниве категории: лично име и презиме, Ваша адреса и/или контакт телефони, факс, Е-пошта, печат и/или потпис.

Вашите лични податоци можеме да ги собираме на неколку начини:

  • Кога усмено ни давате информации на нашите фиксни или мобилни телефони;
  • Кога ни испраќате директно факс документ на нашите телефони;
  • Кога ни испраќате директно пошта преку поштенски сервис;
  • Кога ни испраќате порака директно на нашите Е-пошти;
  • За време на користење на нашите интернет страни, апликации или контакт форми;

Кога преку директна комуникација со нас доставувате некое барање или информација, одгворното лице од наша страна подготвува записник кој го потпишувате взаемно и потоа се заведува во архивата на УГД Воена академија.

Исклучиво нашите вработени кои се одговорни за предметните задачи поврзани со активностите околу обработка и употреба на личните податоци ќе имаат пристап до нив.

Не користиме надворешен систем (Google analytics или Facebook pixel и слични) за анализа и статистика на нашите посети и не споделуваме податоци за Вас или Вашата посета на нашите интернет страни со никого, освен по барање на суд, полиција или други органи за вршење на законски дејствија.

Сите податоци кои ги собираме, користиме и обработуваме се користат во период исклучиво во согласност со закон и само поради целта на употребата и се потенцирани во листата на рокови за чување на личните податоци на УГД Воена академија.

Вие ги имате следниве права во врска со Вашите лични податоци:

  • Имате право и сте информирани за собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци
  • Имате право да го ограничите нашето собирање, употреба и обработката на Вашите лични податоци
  • Имате право да ги промените и делумно или целосно да ги избришете Вашите лични податоци
  • Имате право на пристап до Вашите собрани, употребени и обработени лични податоци
  • Имате право да вложите приговор околу нашето собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци до УГД Воена академија или до АЗЛП

Како би добиле повеќе информации, за сите други прашања и остварување на Вашите права во врска со заштитата на Вашите лични податоци, можете да остварите контакт со нашите
Офицер за заштита на лични податоци: XXXXXXXX XXXXXXXXXXX на следниов e-mail: [email protected] или тел +389 2 3283 603.

Доколку сепак мислите дека при собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци УГД Воена академија ги повредува Вашите права или одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете приговор или барање до Агенцијата за заштита на лични податоци www.dzlp.mk, а која е надзорно тело и по кои ќе се постапува, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.