Информациски технологии во поддршка на одбраната и безбедноста (ИТПОБ)

Код
ZL601
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен
Соработник/Стручњак од практика

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е да се истражат најновите информациски технологии кои имаат потенцијал да ја трансформираат глобалната безбедност и одбраната, како и однесувањето за време на идните конфликти. При процената на важноста на технологиите, предметот нема да ги анализира само директните безбедносни и воени последици, туку пошироките културни и економски импликации кои можат да имаат индиректни безбедносни последици. Ќе бидат истражувани потенцијалните разни технологии кои можат да ги трансформираат безбедносните односи.

Содржина на предметната програма

  • Новите технологии како нови безбедносни предизвици;
  • Како технологијата го менува пристапот кон безбедноста;
  • Влијание на новите технологии врз безбедноста во различни сектори;
  • Најнови концепти во информациско-комуникациските технологии и нивното влијание врз безбедноста; Комуникациите за итни случаи и безбедноста;
  • Системи за рано предупредување;
  • Препознавање на облици како технологија за зголемено ниво на безбедност и контрола на пристап; Нанотехнологиите и нивната потенцијална импликација на безбедноста;
  • Примена на суперпроводноста и микро-електро-механиката во безбедноста;
  • Несмртоносни оружја во поддршка на разрешување на можни конфликти и безбедносни закани; Ласери со висока енергија, микробранови оружја и оружја со електромагнетен пулс;
  • Примена на сензорската технологија и системи за интелигентен мониторинг во областа на безбедноста;
  • Безжичната, мобилната и сателитската технологија како поддршка на мобилната безбедност;
  • Вештачка и машинска интелигенција, виртуелна реалност, генетско инженерство - идни безбедносни можности и предизвици;
  • Автоматизирана безбедност со помош на роботи и автономни системи;
  • Системи за разузнавање, набљудување и извидување;
  • Системи за биолошка и хемиска одбрана;
  • Сајбер оружјата како поддршка и можна закана на безбедноста;
  • Улогата на технологијата во мрежно овозможените способности;
  • Прецизно наведувана муниција - можност за намалување на колатералната штета;
  • Примена на ИТ во одбранбениот сектор; Примена на ИТ во кризниот менаџмент;
  • Примена на ИТ во заштитата и спасувањето; Примена на ИТ во безбедносниот сектор;
  • Видови  закани за ИТ;
  • Заштита на класифицирани информации;
  • Закон за заштита на класифицирани информации, Уредба за индустриска безбедност, Уредба за физичка безбедност, Уредба за административна безбедност, Уредба за информатичка безбедност, Уредба за безбедност на лица, Правилник за безбедносен сертификат, Правилник за безбедносен прашалник.
  • Уреди за врски, Подигнување на свеста за опасностите кои постојат во сајбер просторот;