д-р. Невена Серафимова, вон. проф.

д-р. Невена Серафимова, вон. проф.
Воена академија
Продекан за финансии и инвестиции
Вонреден професор, продекан за финансии и инвестиции
Telefonit

Продеканот за финансии и инвестиции врши работни задачи определени од деканот, кои спаѓаат во доменот на финансирањето на дејноста и имотот на Академијата. Член е на Деканатската управа на Академијата. Во отсуство на деканот може да раководи со седниците на Наставно-научниот совет.

Д-р Невена Серафимова е вонреден професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и визитинг професор на Европскиот универзитет во Скопје. Нејзините истражувачки интереси се во полето на теоретската и применета математика, математичкото моделирање, теоријата на игри и управувањето со ризици.

Образование
Магистрирала (2009) и докториралa (2015) на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет, УКИМ, Скопје.
Дипломирала на Институтот за математика, теориска насока, Природно-математички факултет, УКИМ, Скопје, во 1995 година.
Обуки и усовршување
Посетувала обуки, семинари и работилници за содржините, методологиите и средствата кои се користат во современите образовни процеси и во обуката. Сертифициран обучувач е во рамки на меѓународната програма NATO Defence Education Enhancement Program (DEEP)
Членство во стручно-научни здруженија
Член е на Сојузот на математичарите на Македонија.
Членува во комисиите за општински, регионални и државни натпревари по математика за средните училишта.
Информатички Технологии
Поседува сертификат за информатички технологии, има одлично познавање и активно ги користи сите канцелариски апликации.
Јазици
Македонски
Англиски
Грчки
Италијански
Француски
Работно искуство
1996 – работен ангажман во соработнички и наставно-научни звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, за предмети во областа на математиката и нејзина примена.
Научни трудови
Автор е на бројни научни и стручни трудови објавени во меѓународни и домашни списанија и учесник во научни и стручни конференции, конгреси и семинари. Како соработник и истражувач учествувала во повеќе домашни и меѓународни стручни и научно-истражувачки