Соработката со партнерите – еден од клучните приоритети на Воената академија

25.12.2023

Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Деканот на Воената академија ја посети Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија во периодот од 18-22 декември 2023 година.

За време на посетата претставниците од Воената академија имаа можност да учествуваат во активности поврзани со едукација и обука, како и да остварат средби со раководството на Поморската воена академија, разгледувајќи ги можностите за проширување и продлабочување на веќе воспоставената соработка. Во текот на разговорите, Деканот на Воената академија посебно ги истакна можностите кои се нудат со новиот Институт за сајбер безбедност во рамките на институцијата и Центарот за сајбер безбедност на Поморската воена академија. Во склоп на посетата, тимот од Воената акдемија исто така ги посети капацитетите на Поморската воена академија наменети за настава, обука, но и симулациски вежби, разменувајќи идеи за унапредување на условите на двете институции и модернизација на процесот на едукација во целост.

Поморската воена академија е еден од долгогодишните, верни партнери на Воената академија главно во согласност со НАТО програмата за развој на образованието во одбраната, како и програмите на Европската Унија со фокус на размената според Еразмус+ на питомци и професори со цел едукација и обука, учество на годишни настани на двете институции, како и општа посветеност на развој на регионалната соработка во областа на високото воено образование.