Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметната програма е студентите да покажат успешно адаптирање кон специфични услови на работа во кои е неопходно манифестирање на зголемени психо-физички напори, да покажат знаење и разбирање за изведување на елементарни техники на паѓање и да покажат знаење и способност за реализирање на индивидуални и групни проектни задачи надвор од редовната настава.
Содржина на предметната програма: Содржина на предметната програма: Воведување и запознавање на студентите со наставната програма од содветниот семестар; Напредно физичко вежбање за подобрување на основните биомоторни способности; Примена на модели за општо и специфично физичко вежбање; Усвојување на специфичнитехники за креирање на тренажни програми. Усвојување на техники на удари со раце со отворени и затворени дланки и лакт; Усвојување на техники на удари со нозе и колено; Усвојување на комбинации за примена на одбранбени техники на удари со раце и нозе; Усвојување на елементарнитренажни модели за подобрување физичката подготвеност; Усвојување на комбинации за примена наразличнитехники за континуирано физичко вежбање во секакви услови.