Еволуција на војување(ЕВ)

Код
ZZ701
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
7 Седми семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Питомците и студентите да добијат теоретски и практични знаења од предметот Еволуција на војувањето. Да ја сфатат суштината и карактерот на војните и начинот на војувањето, развојот на вооружувањето, воената организација и вештини, како и поврзаноста на факторите во водењето на војна во различни историски периоди за различни земји во светот.

Содржина на предметната програма:Вовед во Еволуција на војувањето како наука, нејзин предмет, методологија, терминологија, цели и задачи, односно применливост; Еволуција на војувањетово античкиот период; Еволуција на војување во средниот век; Еволуција на војување во новиот период; Еволуција на војувањето во дел од земјите на Балканот; Еволуција на војувањето за време на Првата и Втората светска војна; Влијанието на индустриската револуција врз еволуција на војувањето; Еволуција на војување во дел од европските и светските земји: Германија, Франција, Велика Британија,САД, Кина и Русија; Еволуција на војување во современите локални, регионални и глобални војни; Природа, трансформација и транзициски период на војувањето; Еволуција на војување од прва до седма генерација на војување; Еволуција од конвенционално до сеопфатно војување (конвенционално, неконвенционално, ирегуларно, асиметрично, хибридно и  сеопфатно војување); Влијанието на асиметричните и хибридните закани врз војувањето; Еволуција на војување во идниот период – историски развоји перспективи на сајбер војувањето и вештачката интелегенција- дроновско војување и војување на роботи;