К О Н К У Р С
за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2023/2024 година
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на прв циклус студии на Воената академија:
- за 27 кандидати за студенти/питомци,
- за 5 кандидати за студенти за потребите на управување со кризи и
- за 5 кандидати за студенти за потребите на заштита и спасување.
Студиите на прв циклус студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, според нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- да завршиле четиригодишно средно образование;
- да не се постари од 21 година на денот на пријавување и поднесување документии
- да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежна служба во Министерството за одбрана;
- успешно да го положат тестот за физичка способност во согласност со Тест-програмaта за проверка на физичка способност и
- со спроведување на приемни испити да се одреди нивото на познавање на математика и англиски јазик.
Кандидатите државјани на Република Северна Македонија кои средното образование го завршиле во Република Северна Македонија, или дел од средното образование го завршиле во странство, како и кандидатите кои завршиле меѓународна матура, се запишуваат на прв циклус на студии под еднакви услови и критериуми.
При изборот на кандидатите за запишување на Академијата се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и развој на родовата перспектива, со почитување на принципите на стручност и компетентност.
Припадниците на безбедносните сили, деца на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група, од член 13 став (2) од Закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, имаат предност при запишување на Академијата, без плаќање на партиципација во рамките на утврдените квоти од Владата на Република Северна Македонија за бројот на студенти питомци на Академијата, доколку ги исполниле општите и посебните услови за запишување на Академијата и условите од јавниот конкурс. Ова право кандидатите го остваруваат со приложување на документи издадени од надлежен државен орган, при пријавување на јавниот конкурс.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2023/2024 година, покрај општите и посебните услови се земаат предвид и следните критериуми:
- општиот успех на кандидатите по сите предмети постигнати во средното образование;
- успехот од државна матура;
- успехот од спроведениот приемен испит по математика;
- успехот од спроведениот приемен испит по англиски јазик и
- успехот постигнат на проверката на физичката способност.
ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ
Вреднувањето на критериумите се изразува во поени.
Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои според сите критериуми изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите по сите предмети постигнат во средното образование учествува со најмногу 35 поени, а успехот од државната или меѓународната матура со најмногу 25 поени.
На општиот успех постигнат во средното образование, како критериум за запишување, се додава:
- успехот од приемниот испит по математика, со најмногу 15 поени;
- успехот од приемниот испит по англиски јазик, со најмногу 15 поени;
- успехот од проверката на физичката подготвеност со најмногу 10 поени.
Вреднувањето на успехот од средното образование се врши на тој начин што се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 7. На ваков начин може да се добијат максимум 35 поени.
Вреднувањето на државната матура се врши на следниот начин: за сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1). Другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидадите ги избираат при полагање на државната матура, а коишто се значајни за запишување на Академијата се следните:
Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик.
Екстерен изборен предмет (Е3):
- за гимназија: математика (ако не е избран како Е2), странски јазик (ако не е избран како Е2), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија.
- за средно стручно образование: математика (ако не е избран како Е2), странски јазик (ако не е избран како Е2), бизнис, информатика, физика, хемија, историја и еден стручен предмет.
Интерен предмет (И1):
- за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија;
- за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), бизнис, информатика, физика, хемија, историја и еден стручен предмет.
За трите екстерни предмети:
- за кандидатите што на државната матура полагале екстерен предмет што е значаен за студиската програма на која конкурираат, оценката од секој екстерен предмет се множи со коефициент 0,4 и кон тоа се додава перцептилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за соодветниот предмет поделен со 25;
- за кандидатите што на државната матура полагале екстерен предмет што е незначаен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0.
По оваа основа може да се добијат најмногу 18 поени за сите три екстерни предмети.
За интерниот предмет:
- оцената за интерниот предмет што се полага на државната матура, а кој што е значаен за студиската програма на која кандидатот конкурирал, се множи со коефициент 0,8;
- оцената од интерниот предмет што се полага на државната матура, а кој што е незначаен за студиската програма на којакандидатот конкурира, се множи со коефициент 0.
По ова основа можат да се добијат најмногу 4 поени.
За проектната задача:
Оцената од проектната задача се множи со коефициент 0,6. По оваа основа можат да се добијат најмногу 3 поени.
За кандидатите што полагале меѓународната матура, вреднувањето на успехот се врши на следниот начин: за четири предмети се собираат оцените, добиениот збир се дели со четири, а потоа количникот се множи со 4 (со што се добиваат најмногу 20 поени) и се додава оценката од матурската тема (5 поени).
На ваков начин може да се добијат 25 поени.
Вреднувањето на приемниот испит по математика за да се одреди нивото на познавање се состои од проверка на знаењето по математика од средно образование, преку Тест-проверка - https://ma.edu.mk/studenti/upis/podgotvi-se
Вреднувањето на приемниот испит по англиски јазик за да се одреди нивото на познавање се состои од проверка на англискиот јазик преку полагање на тестот – American Language Course Placement Test (ALCPT)- https://www.dlielc.edu/testing/alcpt_test.php
Вреднувањето на физичката подготвеност што се состои од проверка на физичката подготвеност на кандидатите е дадена во Прилог 1 на Правилникот за услови, критериуми, начинот и постапката за спроведување на јавен конкурс и постапка за избор на кандидати за запишување на прв циклус на студии на Воената академија - https://ma.edu.mk/upis/test-programa-za-proverka-na-fizichka-sposobnost
ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
За спроведување на Конкурсот за запишување на прв циклус студии на Академијата се формира конкурсна комисија и поткомисии.
Постапката за спроведување на приемниот испит по математика и по англиски јазик се изведува согласно Тест-програмата на Академијата.
Тестирањето на кандидатите се врши анонимно со користење на шифра, наместо име и презиме.
Пред отпочнувањето на тестот за физичка подготвеност, се врши утврдување на психофизичката способност на кандидатите. Оваа проверка е од елиминаторен карактер.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува преку спроведување на специјалистички прегледи и давање на наод, оценка и мислење од страна на Военолекарската комисија.
При проверка на психофизичката способност, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош) и здравствена книшка.Против Наодот, оценката и мислењето на Военолекарската комисија кандидатот може да поднесе приговор до Второстепената военолекарска комисија. Одлуката на Второстепената военолекарска комисија е конечна.
Постапката за спроведување на тестот за физичка подготвеност се состои од проверка на физичката подготвеност од страна на Централната комисија за проверка на физичката способност на активниот воен персонал на должност во Министерството, за прием на воен персонал на служба во Армијата, како и за надзор на работата на комисиите од командите и единиците на Армијата, по следните дисциплини:
|
Скок во далечина од место |
Згиб на вратило |
Стомачни подигања |
Трчање |
||||
|
мажи |
Жени |
мажи |
жени |
Мажи |
жени |
мажи 1600 m |
жени |
Поени за минимум |
сантиметри |
репетиции |
издржани во згиб/сек. |
подигања |
минути |
|||
|
180 |
120 |
3 |
3 |
25 |
25 |
8,00 |
6,00 |
Проверката на физичката подготвеност има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите што не ги задоволиле предвидените норми, односно што не освоиле најмалку 50% од поените предвидени за секоја дисциплина поединечно, односно вкупно 5 поени од можните 10 поени за сите дисциплини.
При проверка, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош) и спортска опрема.
Во рок од 24 часа по добивање на сите резултати, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и на веб-страната на Академијата прелиминарна ранг-листа на кандидатите за запишување на прв циклус на студии на Академијата.
Во прелиминарната ранг-листа се истакнуваат бројот на поени од средното образование (среден успех), број на поени од државната матрура (среден успех), бројот на поени од спроведените приемни испити по математика и англиски јазик, бројот на поени од проверка на физичката подготвеност и вкупниот број поени за секој кандидат.
Услов за рангирање и избор на кандидатите за прием на Академијата, е да имаат освоени најмалку 60 поени, добиени по сите основи, од можните 100 поени.
На прелиминарната ранг-листа, кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата преку Конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување. Приговорот се доставува лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ б.б.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласната табла и на веб страницата на Академијата, во рок од 24 часа од истекување на рокот за поднесување приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорите е конечна.
Доколку нема пристигнато приговори во соодветниот рок, прелиминарната ранг-листа станува конечна.
Во случај два или повеќе кандидати да имаат еднаков број на поени и да не може да се изврши избор на предвидениот број кандидати за прием на Академијата, предност при избор за запишување на Академијата имаат кандидатите кои се добитници на награди и признанија на државни и меѓународни натпревари во области значајни за соодветната студиска програма. Видот и соодветноста на наградите и на признанијата ги утврдува Конкурсната комисија.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Академијата, донесува предлог-мислење за истата и го доставува до министерката за одбрана, која донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.
РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на Воената академија за учебната 2023/2024 година може да се пријават во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. „Васко Карангелески“ б.б. или електронски (скенирани оригинални документи) до Академијата на електронска пошта: [email protected] на првиотпријавен рок од денот на објавувањето на конкурсот до 10.07.2023 година, во време од 08,30 до 16,30 часот. Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на ден 31.08.2023 година, во време од 08,30 до 16,30 часот и доколку повторно не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организита и трет уписен рок на 14.09.2023 година, во време од 08,30 до 16,30 часот.
Кандидатите кои немаат доставено комплетни документи и кандидатите кои ќе се пријават електронски, должни се потребните документи за пријавување во оригинал да ги достават во деловодството на Воената академија најдоцна на денот при спроведувањето на проверките на физичка подготвеност.
По утврдувањето на пријавните листи, пријавените кандидати што ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност, физичката подготвеност и за полагање на приемните испити по математика и англиски јазик
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:
- молба, што се добива во Воената академија или може да се симне од следниот линк: https://ma.edu.mk/upis/kako-da-konkurirash
- пријавен лист, што се добива во Воената академија или може да се симне од следниот линк: https://ma.edu.mk/upis/kako-da-konkurirash
- свидетелства (оригинал) за сите четири години од средното образование;
- диплома (оригинал) од државна матура;
- уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
- извод од матичната книга на родени (оригинал или копија заверена на нотар);
- уверение од надлежен орган за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност и
- потврда од матичен лекар за здравствената состојба на кандидатот.
Кандидатите државјани на Република Северна Македонија што средното образование или што дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ издаден од надлежно министерство за нострификација на свидетелства за сите години,за дел од годините што ги завршиле во странство или диплома за завршено средно образование добиена во странство.
ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ
Кандидатите што се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана, односно за Армијата на Република Северна Македонија по запишувањето на студиите се стекнуваат со статус студент/питомец.
За време на школувањето на студентите/питомци им се обезбедува: интернатско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инвалидско осигурување, месечни примања за подмирување на најнеопходните лични потреби, патни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Воената академијата.
Посебните права и обврски меѓу студентите/питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена академија и Статутот на Воената академија.
По завршувањето на школувањето студентите/питомци се произведуваат во чин потпоручник од соодветен род и се примаат на служба во Армијата на Република Северна Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.
Кандидатите што се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на управување со кризи имаат статус на студенти. Студентите склучуваат договор со Воената академија со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски за остварување на наставно-образовниот процес.
Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА