Почетен состанок на тимот на Воената академија за меѓународниот проект Erasmus+ KA210-ADU - Small-scale partnerships in adult education со наслов: Integration of social and digital learning

03.02.2023

На ден 27-ми јануари 2023 година се реализираше иницијален состанок со главниот координатор на проектот BEYTUSSEBAP HALK EGITIM MERKEZI (Центарот за јавно образование од Република Турција). Покрај Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Република Турција како носител на проектот, останати учесници во проектот се: Comité de Liaison Diagonal France од Република Франција и Asociacion para el Desarrollo socio Emocional UNU од Валенсија, Република Шпанија. Проектот ќе се реализира во период од 30.12.2022 до 30.12.2024 година.

На почетниот состанок  главниот координатор на проектот BEYTUSSEBAP HALK EGITIM MERKEZI ja истакна следната агенда за реализација на проектот:

  • Размена и трансфер на ефективни практики за имплементација на дигиталното учење во општеството;
  • Организација на модели за образование на возрасни наменети за невработени мигранти.

Во оваа фаза на проектот се планирани следниве тематски целини кои ќе бидат обработени преку организација на работилници:

  • Активно граѓанство и градење на отпорни заедници и општини,
  • Културни разлики и интегриран пристап за надминување на истите;
  • Отвореност и инклузивност на државните и приватни институции за мигрантите; 
  • Размена на животни стилови во урбаните средини;
  • Методологија на општествена комуникација, дигитална литература и дигитално образование наменето за лица кои имаат статус на мигранти со привремен престој и баратели на азил.

Откако заврши првиот иницијален состанок во кој општо се разгледаа идните активности за проектот се утврди следниот состанок на учесниците од државите учеснички во проектот да се реализира во Република Турција во почетокот на месец април 2023 година.

Galeria