Реализиран НАТО состанок со наслов „ADL in War: Training While We Fight Lessons from Ukraine “

03.02.2023

Воената академија, во соработка со  работната група на НАТО за  Напредно дистрибуирано учење (ADL), како и Partnership for Peace Consortium, организираше состанок на работната група во Скопје, во период од 01.02. - 02.02.2023 година со наслов „ADL in War: Training While We Fight Lessons from Ukraine “.

Деканот на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски, полковник, во своето воведно обраќање го истакна следново:

“Единствено образованието и обуката, блиската соработка и вклученоста на клучните експерти и професионалци, како и сеопфатната анализа на увидените и научени лекции во Украина може да ни овозможат да бидеме чекор понапред од непријателот кој ги прекршува сите конвенции и ги поткопува основните вредности на модерните демократски општества.”

“Убеден сум дека учесниците на овој состанок ќе ги истражат сите аспекти на непроценливото искуство стекнато во изминатиот период од Руската инвазија на Украина, и ќе ги имплементираат научените лекции во развивањето на помоќни ADL системи, подобрувајќи ги нашите севкупни безбедносни способности.”

На отворањето на активноста се обрати и државниот секретар во Министерството за одбрана, г-дин Владимир Анчев, кој ја поздрави иницијативата за реализирање на ваков тип експертски разговори кои нудат решенија за подобрување на функционалноста и ефикасноста на системите за напредно учење на далечина, дури и во време кога континентот се соочува со отворен воен конфликт. Во тој контекст, Анчев изрази задоволство за активната поддршка од страна на Воената академија во процесот на градење на капацитети за ADL во земјите членки и партнерите на НАТО. Тој додаде дека тоа е доказ за капацитетите на Академијата и нејзината посветеност за изнаоѓање на решенија кои ќе имаат сериозен придонес кон зацврстувањето на безбедноста и стабилноста.

Идејата за состанокот е да се споделат и научат лекции од војната во Украина и да се приспособат системите и политиките за напредно дистрибуирано учење и обука за воена состојба на национално како и коалициско ниво. Производ на состанокот е создавање политики и постапки за подобро подготвување на системот на национално и калициско ниво.

Galeria