Известување - II (втор) уписен рок за запишување студенти

29.08.2022

II (втор) уписен рок за запишување студенти за потребите на управување со кризи на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2022/2023 година

 

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2022/2023 година и Решението на Министерката за одбрана за прием на кандидати.
Ве известуваме дека на ден 31.08.2022 година ќе се реализира II (втор) уписен рок за прием на студенти за потребите за Управување со кризи на прв циклус на студии - 4 слободни места.

Дополнително, ги охрабруваме кандидатите кои не успеаа да се запишат на I (прв) уписен рок за питомци да реаплицираат со поднесување на барање на II (втор) уписен рок за прием на студенти за потребите за управување со кризи.

За сите дополнителни информации обратете се на va@ugd.edu.mk

Со почит

Воена академија