ИСПРАВКА НА КОНКУРС
за избор на наставници и соработници на Воената академија во Скопје објавен во весникот Дневник на ден 05.12.2013 година
Во точка I.ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА И СОРАБОТНИЦИ ПО СЛЕДНИТЕ НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА, ОБЛАСТИ, се бришат точките 2 (два), 3 (три), 4 (четири) и 5 (пет).
Во точка I.ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА И СОРАБОТНИЦИ ПО СЛЕДНИТЕ НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА, ОБЛАСТИ, по точка 8 (осум) се додаваат уште две точки и истите гласат:
9. Наставник во сите звања во научното подрачје: Техничко-технолошки и природно-математички науки. Научно поле: Електроника, автоматика и физика. Научна област: Електроника, Физика – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
10. Наставник во наставно звање во научното подрачје: Општествени науки. Научно поле: Одбрана и безбедност. Научна област: Меѓународно хуманитарно право, Криминалистика, Цивилна одбрана и заштита – 1 (еден) извршител за време од 5 (пет) години
Останатиот дел од конкурсот не се менува.