Свечено доделување на дипломи на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје

27.12.2024

За време на свеченоста организирана на 23.12.2024 година на Воената академија беа доделени дипломи на питомците и студентите кои успешно го завршија своето образование. На настанот деканот на Воената академија додели дипломи за завршен прв циклус на студии на 23-та класа, дипломи за завршен втор циклус на студии, како и дипломи за завршена специјализација за командно-штабна обука.

Воената Академија како единствена воено-образовна и научно-истражувачка институција во државата продолжува да произведува висококвалитетен кадар, кој е од суштинско значење за потребите на Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, како и други институции и организации во државата и пошироко во регионот.

Академијата останува посветена на обезбедување врвно образование, истражување и обука, кои ги подготвуваат идните лидери и професионалци за предизвиците на современото општество.