Успешно реализирана обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“ дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“

29.04.2023

Во период од 24 до 28.04.2023 година, во просториите на Воената академија и во Охрид се реализираше обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“.

Обуката е дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“ и истата има за цел да обезбеди соодветни знаења и вештини за користење на различни платформи за е-учење и инкорпорација на останати технолошки и мултимедијални алатки во делот на образованието.

За време на обуката се реализираа следниве работилници:

  • Методологијата и методите на учење на далечина
  • Запознавање со Moodle и другите најчесто користени платформи за е-учење.
  • Креирање на квизови во Moodle
  • Бесплатни софтвери за креирање и обработка на видео
  • Софтвери за едитирање на слики и едитирање на pdf фајлови
  • Креирање на анимирани образовни видеа
  • Користење на онлајн алатки за колаборација со студентите

Како дел од културните активности учесниците имаа можност да се запознаат со знаменитостите на градот Скопје, да го посетат „Свети Наум“ во Охрид, како и да се запознаат со  знаменитостите во градот Охрид.

Обуката заврши со евалуација на обуката и свечено доделување на сертификати за учесниците.