Трет транснационален состанок се одржува на Воената академија; Активна соработка со партнерите од Грција, Белгија и Шпанија во рамките на проектот од програмата Еразмус+ - СЕТОФФ

05.04.2023

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во соработка со своите партнери од Грција, Белгија и Шпанија го организише третиот транснационален состанок во рамките на проектот Еразмус+ - СЕТОФФ во периодот од 4-5 март 2023 година.

Состанокот вклучуваше дискусии и анализи во врска со циклусот на обуки „Обучи го обучувачот“, кој започна во март во Кавала, Грција. За време на состанокот се донесоа конечни одлуки за наставната програма за е-обука, која ќе биде достапна за учесниците од сите партнерски земји преку платформата за е-учење креирана во рамките на проектот. Во овој контекст, професорите од Воената академија спроведоа обука, специјално прилагодена за потребите на корисниците на проектот, со цел ефективно и ефикасно креирање курсеви на платформата за е-учење.

Конечно, оваа трета транснационална средба даде одлична можност да се разговара за идните чекори во успешното спроведување на SETOFF, како и активностите за дисеминација и комуникација предвидени за промовирање на резултатите од проектот.

Проектот СЕТОФФ се стреми кон подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа во секторите за кризен менаџмент и заштита и спасување, како и вклучување на приватниот сектор во процесот на справување со кризи и вонредни состојби преку развивање на иновативни е-обуки кои се темелат на успешно тестиран и спроведен симулациски модел во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и образование.

Galeria