Реализирано предавање од военото аташе на Европската унија, полковник Pietro MOSTARDI

04.04.2023

       На ден 03.04.2023 година во просториите на Воената академија се одржи предавање на тема Воени карактеристики на ЕУ (Белин плус договор, EUMS/EUMC и MPC – структура, функција и релации), Основи на CSDP (концепт, примери) и Специфични аспекти на CSDP (PESCO, CARD, EDF, EPF, ЕУ стратегиски компас и сл.)

      Предавањето го реализира военото аташе полковник Pietro MOSTARDI на Европската унија (со седиште во Р. Србија) за Р. Србија, Р. Северна Македонија, Црна Гора и Р. Албанија

      На настанот присуствуваа питомци, слушатели како и претставници од Министерството за одбрана и Армијата.