Реализација на втора работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“ во согласност со Еразмус+KA220

03.10.2022

Претставници од Воената академија земаа учество на втората работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership “, во согласност со Еразмус+ KA220, која се реализираше во Софија, Р. Бугарија, во период од 26-30 септември.

За време на работилницата беа дискутирани искуствата на партнерите во користењето на дигитални алатки во образовнието и беа разработувани теми за социјално-емоционално учење, идеи за внимателност, лекции и улогата на наставникот во идната училница. Работилницата вклучуваше и активности, тимска работа и интерактивни игри. Партнерите исто така разменија мислења за деталите, плановите и активностите на партнерите, како и координирањето на различните аспекти на проектните активности.

Покрај меѓусебното споделување на практиките кои се користат во образованието, учесниците на обуката ги посетија Пловдив, Рилскиот манастир и Стобските пирамиди.

Проектот ќе се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Концептот на идната училница е создавање на модерен простор за учење и предавање на иновативен начин. Заедно со проектните партнери од Р. Полска како координатор и партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, научивме како треба да изгледа идното образование. Главната цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.