Учество на меѓународната недела на воена обука, гаѓање и вежба на воените академии на ков

27.08.2014

Во периодот од 29.07 до 07.08.2011 во Република Турција се одржа Меѓународната недела на воена обука, гаѓање и вежба на воените академии на КоВ на кое свое учество земаа пет питомци кои се на школување во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и нивниот Комадир од Центарот за обука на питомци при Командата за обука. Во тимот од пет питомци една од нив беше од Црна Гора.

Посетата се одвиваше во неколку сегменти. Во Анкара беше реализирано запознавање со Воната академија на КоВ на Армијата на Република Турција и разгледување на културно-историски места во овој регион.

Главниот дел од активноста се одвиваше во Измир поточно на полигон за гаѓање и вежби Ментеш. Овде беа реализирани симулациони гаѓања со пешадиско вооружување, командо обука во планински услови, обука во пливање и обука со чамци, обука во преживување (теоретски дел) и обука во инфилтрација низ непријателски линии.

Во рамките на програмта беше реализирана и туристичка тура до познатиот туристички регион Кушадаси а воедно беше посестен антички град Ефес и куќата на Света Дева Марија кои се наоѓаат во регионот на Селчук.

На крајот питомците и нивниот комнадир имаа можност да се запознаат и со Воената гимназија „Кулели“ во Истамбул и да ги разгледаат културно-историски споменици во градот.

Оваа прекрасна можност за заедничка работа и дружење беше завршена со ветување за повторна средба на питомците во следната година во рамките на Летниот Кампус 2012 кој традиционално го организира Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во летниот период во Република Македонија.